Направете сами - моќен коктел за слабеење на база на јајца од препелица

Коктел од здрави состојки кој се приготвува за само 5 минути, а ќе ви помогне да се справите со вишокот килограми. Прочитајте повеќе ...

Потребни состојки

  • Пет јајца од јапонска препелица

  • Две лажички мед

  • Две лажички пивски квасец

  • Јогурт со 1% млечна маст 

  • Малку цимет

Подготовка

Подготовката е повеќе од едноставна. Сите овие состојки измешајте ги во чаша од 200мл. Најпрво се додаваат јајцата, медот и квасецот, за на крај да се дополни јогурт колку што останува место во чашата и да се стави еден прстофат цимет. Состојките треба да ги изматите добро се додека смесата не се соедини.

Овој коктел наместо доручек

Овој коктел пијте го секој ден наместото на доручекот. Тој содржи се што ви е потребно за да ви даде енергија, сила и хранливи материи додека да дојде време за ручек, а истовремено ќе ви помогне да го намалите вишокот килограми.

www.doktori.mk, 04.10.2013

Последна вест

Најчитани статии - исхрана