7 совети за здрави, сјајни и бели заби

доктор по стоматологија

Редовното четкање наутро и пред спиење се подразбира, но еве и уште што друго треба да знаете...

Исхрана

Идеално ќе биде ако не пушите, не пиете црн чај, безалкохолни пијалоци и сокови темни - за да имате убави заби. Имајте на ум дека тоа што е темно во боја, и го ставате во устата, остава трага на забите. Ако, пак, вие не можете да му одолеете, миете ги забите веднаш по јадењето или пиењето пијалоци. Јадете јаболка кои се корисни за оралната хигиена.

Јазик

Важно е дека во прилог на редовното чистење на забите е и чистењето на јазикот. Постојат четки со посебен дел за јазикот со кои треба да се практикува чистење. Така ќе имате свеж здив, и ќе ги отстраните купот на бактерии од устата.

Сода

Сода бикарбона - нејзината употреба се должи на реактивниот состав кој лесно се комбинира со нечистотијата на забите, и ако тоа се помеша со морска сол, ефектот е засилен. Забите ќе бидат побели и со помалку слоеви, но не претерувајте со употребата - еднаш неделно е доволно.

Оцет

И јаболковиот оцет помага при белење. Сепак е важно да се биде внимателен бидејќи киселината ја еродира забната глеѓ. Но, ако го користите правилно, разреден со вода, станува едноставен и здрав начин на белеење на забите. Лажичка јаболков оцет се меша со половина чаша вода и станува одличен за миење на устата. Смесата е доволно слаба и нема да ги оштети забите, но сепак доволно силна да ги исчисти од штетните реагенси.

 

Четка

Секој втор месец менувајте ја вашата четка за заби. Инаку ефектот на чистота е изгубена. Најправилен начин на четкање на забите е четката да ја поставите на позицијата од 45 степени на десно и правите нежни кружни движења.

Дентален конец

Воведена е практиката на чистење со забен конец. Правете го ова толку често колку што е можно. Секогаш имајте неотворен пакет конец. Помогнете си да спречите различни болести, храната нема да се задржува, и ќе имате помалку причина да одете на забар.

Шминка

Секогаш имајте кармин или сјај за усни со соодветни бои. Идеална боја е светло-црвената или коралната. Со оваа боја вашите заби ке делуваат побело. Избегавајте неутрални бои бидејќи тие ќе го намалат вашиот "бисерен" изглед на белата боја.


 

Повеќе за д-р Елена Мојсовска >>>

-авторски текст, не смее да се користи зa комерцијални цели и/или реемитување-

www.doktori.mk, 03.10.2013

Последна вест

Најчитани статии - стоматологија