Ако сакате да бидете креативни и успешни - одберете портокалов ентериер

Веќе пишувавме за тоа како вашата омилена боја открива за тоа какви сте во кревет. Но, што е со останатите карактерни функции? Научниците и психолозите се убедени дека портокаловата боја ја поттикнува вашата креативност.

Последните истражувања укажуваат на фактот дека портокаловата боја е навистина боја која влијае на човековиот мозок. Таа го поттикнува доброто расположение, концентрацијата и способноста за креативно мислење. Психотерапевтите велат дека портокаловата боја не ги заморува очите, таа зрачи со топлина која едноставно го одржува мозокот буде и свесен, нешто како енергетски напиток. Научниците веруваат во моќта на ова боја, бидејќи сите истражувања покажале дека луѓето кои редовно биле опкружувани со оваа боја имале поефикасен и поуспешен работен ден.

Според научниците портокалов треба да биде ентериерот на вашата канцеларија или просторијата во која што го поминувате работниот ден. Секако не би било лошо и кога во вашиот домашен ентериер би ја вклопиле оваа топла боја, но тоа сепак останува на прашањето за вкус. Како и да е научниците обрнуваат внимание на моќта на боите врз нашиот мозок бидејќи веќе неколку пати било потврдено нивното влијание. 

Па, доколку и понатаму се мислите за бојата на ентериерот на вашата канцеларија, детска соба или друг тип на работна соба, одберете портокалова, бидеќи вашиот мозок ќе се чувствува среќно.

 

www.doktori.mk, 02.10.2014

Последна вест

Најчитани статии - медицина