Дали депресијата и нарушувањето на расположението се поврзани со недостатокот на тироксин?

студент по медицина

Понекогаш нарушувањата на расположението, депресивноста, заморот, намалената заинтересираност за работите кои не опкружуваат, намалената желба за извршување на одредени активности, безволноста и чувството на празнина може да бидат првите, но и единствени симптоми на дефицит на тироидните хормони.

Иако ретко се единствените симптоми сепак кога овие симптоми ќе се појават секогаш треба да се помисли и на заболување на тироидната жлезда. Веќе претходно говорев за хипотироидизмот, односно намалената функција на тироидната жлезда и потешкотиите кои се јавуваат во секојдневното живееше кај заболените каде што напоменав дека намалената функција секогаш оди рака под рака со заморот и тоа не само физички туку и психички замор како и низа на неуропсихијатриски симптоми кои не смеат да се игнорираат.

 Покрај својата основна симптоматологија хипотироидизмот речиси секогаш се презентира и со неуропсихијатриски симптоми кои може да не натераат да помислиме на постоење на некои други заболувања. Некогаш овие симптоми се толку изразени што пациентите првото нешто на кое се пожалуваат е токму некој невропсихијатриски симптом.

Психофизичиот замор е речиси секогаш присутен, покрај тоа пациентите често пати се жалат на безволност, тешкотии при станување наутро, незаинтересираност и намалена желба за обавување на секојдневните обврски, чувство на празнина и намалено или променливо расположение, плачливост итн. Овие симптоми сите заедно го чинат депресивниот синдом кој може да се јави како посебен психијатриски ентитет, меѓутоа поради честотата на некои од овие симптоми треба да се разгледува како дел од симптоматологијата на дефицитот на тироидните хормони. Кај оние кои патат од намалена функција на тироидната жлезда се забележани и други когнитивни и бихејвиорални промени кои исто така се должат на дефицитот на тироидни хормони, впрочем често пати кај нив се среќава забавена реакција и забавено одговарање на поставени прашања, бавен и монотон говор, исто така постојат и потешкотии во запомнувањето и нарушување на помнењето, забавено мислење и пишување, претерано емотивни реакции пратени со плачливост, незадоволство и немир. Психомоторниот замор е највпечатливиот симптом кај пациентите кои имаат хипотироидизам. Тие најчесто се будат изморени и безволни, емотивно исцрпени и неспособни да се сконцентрираат и насочат кон секојдневните активности, особено доколку станува забор за одредени обврски кои бараат и интелектуална поддршка, а не само механичко обавување на движења. Постои и нарушување на сонот, овие пациенти се дремливи и во текот на денот, спијат подолго и потешко се будат.


Дека навистина тироидните хормони имаат соодветен импакт врз активноста и фунционалноста на централниот нервен систем односно врз активноста и функционирањето на мозокот потврдуваат и некои студии во кои кај пациенти со депресија без нарушувања на тиродината жлезда е даван тироксин во дози поголеми од вообичаените пошто следело битно подобрување на вниманието, расположението и губење на депресивните симптоми.Ова дефинитивно докажува дека тироидните хормони имаат одредено дејство врз клетките на мозокот. Подоцна е утврдено дека во одредени делови на мозокот како лимбичниот систем има многу повеќе рецептори за тироидните хормони отколку во некои други региони. Лимбичниот систем пак претставува структура која е одговорна за емотивниот живот и расположението на човекот така што се смета дека тироидните хормони го стимулираат испуштањето на норадреналин и серотонин од невроните на лимбичниот систем. Од друга страна серотонинот е еден од хормоните на среќата и битно го поправа расположението, норадреналинот пак е еден од главните биогени амини кој има стимулативен ефект на огромен број на мозочни функции.


Доказ дека тироидните хормони навистина делуваат позитивно врз фунцкијата на мозокот се и студиите направени со РЕТ скен каде што е употребена флуородезоксиглукоза за да се утврдат метаболните промени во мозочните структури по давање на хормон тироксин како терапија кај болни со хипотироидизам односно со депресија. Кај болните е забележано битно подобрување на метаболизмот во мозокот и зголемено искористување на флуородезоксиглукозата откако бил аплициран хормонот тироксин во форма на таблети кај заболените. Ова дефинитивно потврдува дека тироидните хормони не само што имаат стимулативна функција врз нервниот систем, туку се чини дека истата е и незменлива.Кај пациентите кои манифестирале средно изразени депресивни тегоби, а кај кои е дијагностицирана намалена функција на тироидната жлезда забележано е дека по апликација на терапијата со хормон заместителна терапија дошло до значајно подобрување на расположението, губење на заморот, губење на депресивните симптоми и сите оние нарушувања во однесувањето кои ги споменав погоре.


Влијанието на тироидниот хормон врз расположението и другите мозочни функции е несомнено големо со оглед на тоа дека намалената функција на тироидеата и ниските нивоа на тироксин речиси секогаш се пратени со некаков облик на невропсихијатриска симптоматологија која најверојатно се должи на ниските нивоа на тироидни хормони. Па често пациентите боледуваат од хипотироидизам, но на тоа се надоврзува средно тежок депресивен синдром кој добро одговара на терапија со тироидни хормони. Од друга страна нарушувањата на расположението како што се депресијата или биполарните растројства се чини дека многу добро реагираат на терапија со тироидни хормони комбинирана со антидепресиви иако овие пациенти имаа здрава и функционална тироидеа која испорачува доволно тироксин во крвта. Сето ова ни укажува на фактот дека без оглед на тоа дали депресивниот синдром се јавува како дефицит на тиродините хормони или пак е примарна состојба без тироидно заболување, тој одлично реагира на апликација на тироидни хормони, па дури и тогаш кога тироидните хормони во крвта се во границите на нормалните вредности. Сето тоа се должи на за сега не докрај јасни механзими на дејство на тироидните хормони врз лимбичниот систем во мозокот кој е одговорен за емотивниот животи расположението на човекот.

 

дознајте повеќе за авторот Филип Наумовски

-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

www.doktori.mk, 02.10.2014

Последна вест

Најчитани статии - медицина