Митови поврзани со укажувањето на прва помош кои можат да загрозат живот

Секој поединец без разлика дали е медицинско лице или не треба да знае да укажува прва помош. Сепак за да пристапите кон укажување на прва помош најпрво морате да знаете што правите односно да бидете сигурни во исправноста и оправданоста на постапката која ќе ја преземете. Денес ви ги откриваме најчестите митови во врска со укажувањето на прва помош кои не само што нема да помогнат туку можат и да наштетат ...

Путер на местото на изгореница

Не, путерот никако нема да помогне кај изгореница, напротив ќе ја задржува топлината. Затоа кога имате изгореница секогаш најпрво пробајте да го оладите местото, а потоа ставете антисептик или гел против изгореници. Ако изгореницата е поголема од 5-6 цм, побарајте лекарска помош.

Дишење во кеса

Никогаш немојте да го применувате ова, ниту кога лице е вознемирено, ниту кога пребрзо дише, бидејќи со тој пристап можете да го доведете телото во хипоксија и да направите компликации. Ако покрај забрзаното дишење пациентот се жали и на болки во градите побарајте ИМП.

Дигање на глава при крварење од нос

Никогаш не дигајте ја главата при крварење од нос, така нема да престане само ќе ја голтате крвта, а може и да ја вдишете. Затворете го носот и наведнете се благо на напред. Ако крварењето не престане по 5 минути или почувствувате болки, вртоглавици, несвестици или слично, веднаш побарајте лекарска помош.

Свежо месо директно на повредено око

Многу опасен мит. Свежото месо нема да ви помогне при оштетување на окото само може да ви пренесе заразни микроорганизми. Затоа ставете лет во стерилна газа и така држете кратко на повреденото место. Немојте да претерувате бидејќи ладното исто така може да го оштети окото.

Алкохол ќе ве загрее

Грешка, алкохолот можеби привремено ќе ве загрее но за кратко време ќе ја влоши хипотермијата. Затоа, зачувајте ја топлината со затоплување на воздухот, облека и кебиња.

 

www.doktori.mk, 01.10.2013

Последна вест

Најчитани статии - медицина