Верен маж

специјалист уролог, Специјална болница "Св. Еразмо" - Охрид
професор по "Хирургија со нега" и "Полово образование" на Универзитетот "Св. Климент Охридски" - Битола

Биолошките испитувања докажуваат дека моногамноста не е запишана во ниеден дел од животинскиот мозок. Мажите се спонтано неверни и токму затоа верниот маж е нешто најпривлечно што може да се замисли. Зошто се верните мажи секси?

Што, всушност, значи да бидеш верен? Да не се седи на два стола, да не се издаваат меници без покритие, чесно да се води благајната и да има чисти сметки. Според американскиот психианалитичар Даниел Сибон: “Тоа е нешто како договор за билатерална исклучителност на што двајца луѓе слепо се обврзуваат”. Италијанскиот писател Метастазие (Метастазие, 1698–1782) напишал: “Заколнетата верност на љубовникот слична е на птицата феникс. Секој кажува дека постои, но немаат поим каде е”. Три века подоцна уште ја бараме. Верниот маж се бори против животното во себе! Биолозите, со многубројни испитувања, настојуваат да докажат дека моногамијата не е запишана во ниеден дел од животинскиот мозок. Верноста не е во природата, ниту кај глувците, ниту кај мајмуните. Дури и лебедите се “разведуваат”. Пингвините í веруваат на пингвинката, гулабот на гулабицата. И обратно. Отсекогаш гулабите биле пример на животинска верност. Но, едно од пет гулабини јајца ќе ги оплоди некој друг, а не “службениот” гулаб. Можеби гулабицата ќе му дозволи на некој силен гулаб да í направи гнездо, ама притоа нема да се лиши од придружни заводници. Значи, и во животинскиот свет тешко може да се најде верен партнер.


Ниеден маж спонтано не е верен и зато оној кој е подготвен да се подложи на “најсурови” напори за да ги обузда нагоните на ловец во себе – е нешто најпривлечно што може да се замисли.

Верен маж е сладострастен

Меѓусебно луѓето се “препознаваат” по мирис и по вкус, а верноста овозможува да се развие сладостраствена близина. Што повеќе пати водите љубов, брзо ќе почнете да го препознавате она што вашиот партнер го очекува од вас и така двајцата повеќе ќе уживате. Колку повеќе време поминувате заедно, толку повеќе ќе бидете обележани еден со друг.

Да бидеш верен значи да ги обуздаш нагоните и во секој момент да знаеш што сакаш. Ако доживеете тој тоа да го направи поради вас, ќе се чувствувате како да ви е завиткано егото во шамивче од најубав кашмир. Таквиот маж навистина е посветен само на вас и на тоа што заедно доживувате, што, признајте, не е мала работа. Па и тој има само еден живот, а го минува токму со вас.



Да бидеш верен значи да се противиш на статистиката и на сите закони на привлечноста. Тоа е навистина голема авантура.

Верниот маж е модерен

Верноста не е лесна. Тоа се знае. Зад мажите се векови на легално неверство, но неверство со друга/туѓа жена. Па?!

Историјата и општеството го толерирале неверството на мажот, а го забранувале на жената. Од 1975 година женската неверност престанува да биде со закон казнувана. За среќа, денеска се регистрира еднаквост меѓу половите. Вистина е дека жените се многу сомнителни кон мажите кои ги бие глас дека се неверни. Мачо фраерите веќе не се во мода.



Верниот маж понекогаш е оженет

Статистички гледано, не е едноставно да се налета на верен маж. Штом ќе го сретнете, веднаш посакувате да го допрете, да го “испробате” и дури да го задржите. Кога ќе сретнете таков маж, воопшто не водите сметка за проблеми (сопругата) зашто сте заљубени (во туѓ маж), заборавате дека е оженет, среќен и верен.

Навистина, крајот може да изгледа така што тој ќе се раведе и повторно ќе влезе во брак, со вас, но во тој случај премногу знаете да му поверувате во неговата верност.

 

-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

повеќе за проф. д-р Миќуновиќ > > >

www.doktori.mk, 29.09.2013

Последна вест

Најчитани статии - животен стил