Доктори.мк | Дали ви се познати негативните ефекти на мастурбирањето? | Dali-vi-se-poznati-negativnite-efekti-na-masturbiranjeto | Портал за медицина и здравје

Дали ви се познати негативните ефекти на мастурбирањето?

Генерално земено сигурно веќе знаете дека мастурбацијата е позитивна и за мажите и за жените и научниците ја препорачуваат бидејќи може да ве релаксира и да даде низа придобивки на вашето тело. Но, дали ги знаете негативните ефекти? Денес ќе ви ги презентираме негативните ефекти од мастурбацијата кај мажите.

Чувство на вина

Поради табуата, мажите по мастурбирањето често имаат чувство на вина, срам како да прават нешто што е забрането. Не се случува често и кај секого, но може да предизвика анксиозност и главоболки.

Незаинтересираност за спротивниот пол

Доколку премногу мастурбирате, има големи шанси да се "оладите" oд желбата за вистински секс. Во последните години според научниците огромен е бројот на млади тинејџери кои поради мастурбирањето ја губат желбата за вистинскиот секс, според експертите ова се должи на зголемената достапност на интернетот и технологијата, и порно сајтовите кои се достапни во огромен број на интернет.

Микротрауми на пенисот

Во зависност од начинот на мастурбирање можно е да се добијат и микротрауми на пенисот доколку мастурбирањето е често и грубо. Затоа научниците препорачуваат да користите лубрикант и при мастурбирањето.

Сепак, факт е дека мастурбирањето има повеќе позитивни отколку негативни ефекти, но и како се друго и тоа бара умереност и внимателност.

 

 

www.doktori.mk, 28.09.2013

Последна вест

Најчитани статии - животен стил