Како да направите здрави гумени бонбони?

извор: www.ringeraja.mk

За да направите домашни гумени бонбони не ви требаат шеќери и адитиви. Ако вашите деца ги обожуваат, понудете им здрава верзија. Сигурно ќе им се допадне!

За да ги направите потребни ви се: желатин, мед, овошје и украсни силиконски садови за правење лед.

Јагоди

Подгответе: 4 јагоди, 1 лажица свеж сок од лимон, 1/3 чаша вода, 3 лажици желатин, 3 лажици мед.

Измиксирајте ги јагодите, сокот од лимон и водата. Во мало тенџерче на ниска температура измешајте ја оваа смеса со медот и желатинот. Кога смесата ќе се изедначи тргнете го тенџерето од оган и со лажиче полнете ги калапите, па ставете ги во замрзнувач пет минути. Потоа лесно ќе ги извадите од калапот.

Кокос

Подгответе: 3 лажици желатин, 3 лажици мед, 1/3 чаша кокосово млеко 2 лажици вода, 1 лажица екстракт од ванила и 1 лажица кокосово брашно.

Во мало тенџере на пониска температура помешајте ги овие состојки, освен кокосовото брашно. Почекајте смесата да се изедначи, додадете го кокосовото брашно, измешајте и наполнете ги силиконските калапи со лажица. Потоа ставете ги во замрзнувач на пет минути.

 

 

 

www.doktori.mk, 30.09.2013

Последна вест

Најчитани статии - исхрана