Десет факти зошто бананата е незаменлива за вашето здравје

Бананата е суперовошје кое е незаменливо кога е во прашање вашето здравје. Прочитајте ги десетте факти и никогаш повеќе бананата нема да ја гледате со исти очи ...

Бананата лечи депресија

Бананата содржи високо ниво на триптофан кој се претвора во серотонин и е навистина успешна во лекување на депресија.

Бананата - рецепт за успех на спортистите

Изедете две банани пред натпревар или пред да одите во теретана, тие ќе ви дадат енергија, ќе го одржат нивото на шеќер во крв и ќе бидат заслужни за вашата добра кондиција и успех на натпреварот.

Бананата ги зацврстува коските

Бананата ги надокнадува изгубените количини на калциум и го одржува коските здрави. Затоа е потребно бананата да ја консумираат сите возрасти.

Кора од банана против брадавици

Кората од бананата треба да ја ставите со олупениот дел на брадавицата. Познавачите на народната медицина велат дека е добар лек против овој тип на промени.

Бананата е терморегулатор на телото

Кога имате покачена температура јадете банана. Таа помага во ситуации на зголемена телесна температура, и во периодот на енормно топлите летни денови го лади телото.

Банана против чешање и каснување од инсект

Исто како и кај брадавиците, внатрешниот дел од кората на бананата е ефикасен против чешање и каснување од инсект. Истријте го внатрешниот дел од кората на бананата на делот каде што чувствувате чешање или на делот каде што сте добиле убод од инсект.

Банана пред испит

Имате испит рано наутро, а немате време да доручкувате? Изедете две банани  пред да излезете и ќе почувствувате колку голема моќ има таа за подобрување на концентрацијата и физиолошката способност на вашиот мозок.

Бананите го регулираат крвниот притисок

Содржат многу калиум, а малку сол - одлични се за луѓето кои патат од хипертензија.

Банани за здрав дигестивен систем

Јадете банани за да го подобрите варењето, бидејќи бананите содржат пектин кој е многу делотворен, го ослободува телото од токсините и ја штити нормалната флора на цревата.

Банана лек за ПМС

Во периодот кога ги чувствувате симптомите на ПМС, јадете повеќе банани. Докажано е дека тие имаат моќ да ве ослободат од проблемите кои доаѓаат со овој синдром.

www.doktori.mk, 27.02.2014

Последна вест

Најчитани статии - исхрана