Пет златни правила за рамен стомак

Многу пати имаме пишувано на оваа тема, но, кога се работи за обликување и одржување на рамен стомак, никогаш не е доста да се слушне некој совет плус. Денес ви претставуваме пет златни правила за рамен стомак ...

Зелен чај

Многу истражувања докажаа дека зелениот чај содржи антиоксиданти и други материи кои влијаат на подрачјето околу стомакот и помагаат во согорување на масните наслаги.

Правило на 10%

Правилото на 10% е добро познато на сите кои се занимаваат со фитнес. Тоа значи дека 10% од времето предвидено за вежби треба да го искористите за правење на стомачни вежби. Значи ако вежбате два часа 12 минути треба да правите стомачни вежби.

Смеење

Смеењето е особено корисно за топење на мастите околу стомакот. Научниците велат дека за време на смеењето се контрахираат стомачните мускули и помагаат во согорување на мастите во оваа критична регија.

Разновидност во вежбањето

Тренерите велат дека треба да се практикуваат што повеќе разновидни вежби и да се активираат сите мускули, а не само стомачните. Што по различни и по интензивни вежби правите, стомакот полесно ќе се враќа во својата нормална големина и форма.

Без пржена храна

Едноставно, сите експерти се едногласни, ако сакате рамен и цврст стомак, покрај се она што го напишавме, морате да избегнувате пржена храна, бидејќи ако ја употребувате истата во изобилство, секој ваш труд едноставно ќе падне во вода.

www.doktori.mk, 24.09.2014

Последна вест

Најчитани статии - животен стил