Доктори.мк | Занимливости за машкиот полов орган кои не ги знаете | Zanimlivosti-za-maskiot-polov-organ-koi-ne-ste-gi-znaele | Портал за медицина и здравје

Занимливости за машкиот полов орган кои не ги знаете

Иако досега сме зборувале за машкиот полов орган и факти кои се важни за неговото здравје и функција, денес ви претставуваме неколку занимливости кои можеби не ги знаете.

Два пениса

Маж со два пениса? Да, постои и такво нешто, во медицината е познато како дифалус. Сепак ова ретко значи дека мажите ќе имаат дупла забава, бидејќи во скоро сите случаеви на два пениса, кај мажите е неопходна операција за мажот да функционира нормално.

Константна ерекција

Оваа состојба не е толку ретка и често се јавува кај мажите. Се означува со името пријапизам, а тоа значи ерекција која се јавува без никакви стимулации и може да потрае до 3-4 часа, предизвикувајќи нелагодност и јаки болки.

Ноќни ерекции

Здрав маж има околу 5 ерекции во текот на ноќта. Тоа го одржува здравјето и виталноста на пенисот. Лекарите редовно ги прашуваат своите пациенти кои имаат проблеми со ерекцијата за време на сексуалниот однос, дали имаат ноќни ерекции, доколку тие одговорат потврдно, тогаш лекарите сметаат дека  причината е полесен психолошки проблем.

Интересна еволуција ...

Научниците велат дека пред 700 000 години машкиот полов орган имал боцки. Можеби звучи глупаво, но едно истражување спроведено во 2010 година го поврдило ова. Исто така научниците тврдат дека машкиот полов орган порано имал коска, која исчезнала кај со текот на времето, за разлика од некои видови мајмуни каде што таа сеуште опстојува.

 

www.doktori.mk, 25.09.2014

Последна вест

Најчитани статии - занимливости