Митови и заблуди поврзани со ракот кои мора да ги знаете

Ракот е уште познат и како "чума на 21 век", бидејќи е една од ретките болести против која медицината е речиси немоќна. Затоа луѓето се повеќе се плашат, а поради тоа често се верува во многу митови и заблуди. Денес ќе ви ги откриеме најголемите митови и заблуди поврзани со ракот.

Ајкулите не заболуваат од рак

Ова е најголемиот мит што досега бил пласиран во јавноста во врска со ракот. Толку е раширен што скоро е неможно да се искорени. Не, не е точен фактот дека ајкулите не заболуваат од рак. И тие како и сите други заболуваат. Митот датира од 1992 од книгата на д-р Вилијам Лејн. После ова на ајкулите им се заканува истребување поради нивно масовно ловење, само за да се произведе пилула која е бескорисна. Научниците во многу наврати ги предупредија здравствените организации и фармацевтските куќи да престанат да го шират митот за ајкулите и да престанат да ги истребуваат овие древни суштества само за да направат бескорисна пилула.

Ракот е модерна болест

Иако како што рековме ракот е наречен " Чума на 21-век" тој бил голем проблем уште во древните времиња, а причината зошто за него малку се пишувало и се знаело, била недоволно развиената медицина и дијагностика, па на смртните случаеви им се препишувале други болести.

Но, древните Египетски лекари уште 2 000 години пред нашата ера опишале случај на рак на дојка. Додека Хипократ 400 години пред нашата ера направил разлика помеѓу бенигни и малигни тумори. Ракот е болест која најверојатно се шири уште од самиот почеток на животот на земјата.

Ракот може да се излекува со ...

канабис, сода бикарбона, билки, плодови ...?

Не, се ова е глупост. Има билки и лекови кои имаат добар ефект на имунитетот, па го сузбиваат развојот на канцерот. Но, билки и лекови кои го лечат ракот како универзален поим нема. Научниците прават истражувања на се она што луѓето ќе го потенцираат како можен лек, но досега задоволителни резултати нема од ништо. Лековите кои ги презентираат одредени луѓе и за кои се колнат дека се делотворни се само трик за остварување на профит и ништо ефикасно.

Фармацевтската мафија го крие лекот ...

Сите оние кои што сеуште веруваат во ова или цврсто и непоколебливо го тврдат ова мора да ја сфатат и разберат следната работа ....

Ракот е болест која може да се појави на сите ткива и органи. Може да се појави како резултат на различни причини, да се шири брзо или бавно. Некои ракови не реагираат на радиотерапија, некои пак се лекуваат само хируршки, други пак реагираат само на хемотерапија. Запомнете: Секој карцином е приказна сама за себе! Иако луѓето се убедени дека фармацевтската мафија го крие лекот, такво нешто не е можно. Зошто? Зошто не може да постои универзален лек. Клетките на ракот настануваат со мутирање на нормални клетки, и нивна малигнизација. Тоа не е вирус или бактерија, па да бараме универзален лек кој ќе ја искорени. Лекувањето на ракот се заснова на поедини типови на рак, а не глобално на сите. Во блиската историја можете да се сретнете со имиња на многу моќни фармацевти и деца на светски  моќни фармацевти  кои умреле од рак. Ситуацијата јасно била објаснета од д-р Патрик Свејџ пред да умре од рак на панкреас, велејќи: Нека дојде тој што има лек, без разлика каков, знам дека многумина се колнете дека тој постои, и многумина се колнете дека го имате, ќе биде најбогат и најпознат во светот.

www.doktori.mk, 22.09.2014

Последна вест

Најчитани статии - медицина