Доктори.мк | Цветот на црвената детелина - природна хормонска терапија | Cvetot-na-crvenata-detelina---prirodna-hormonska-terapija | Портал за медицина и здравје

Цветот на црвената детелина - природна хормонска терапија

Цветот на црвената детелина е добро познат на нашите простори бидејќи го има во изобилство. Познавачите на алтернативната медицина велат дека овој цвет е вистинска природна хормонска терапија, и дека ублажува и лечи многу здравствени состојби.

Црвената детелина(Trifolium pratense) луѓето децении наназад ја употребуваат како лек против тегобите кои доаѓаат со менопаузата. Таа е природна хромонска терапија, велат познавачите на алтернативната медицина, освен во менопаузата цветот од црвена детелина е корисен и при многу други здравствени состојби како што се: астма, бронхитис и воспалителни процеси во организмот. Експертите велат дека цветот од црвена детелина е добар и за подобрување на циркулацијата на крвта, снижување на нивото на холестерол и одржување на здравјето на срцето и крвните садови.

Таа содржи растителен естроген што ја прави вистинска хормонска терапија за жените. Се препорачува за жените во периодот пред и за време на менопаузата бидејќи истражувањата покажале дека е навистина делотворна. Научниците велат дека цветот од црвена детелина во комбинација со други билки и здрава храна е исто така силен борец против туморозните појави во организмот. Во народната медицина од цветот од црвена детелина се подготвуваат разни креми за смирување на воспаленијата на кожата, чаеви за испирање на воспалено грло и  сирупи за лекување на астма, бронхитис и намалување на тегобите кои доаѓаат со менопаузата.

Како сами да го подготвите сирупот?

Една рака цветови од црвена детелина помешајте со две чаши мед и ставете на оган да се вари. При крајот додајте сок од два свежо исцедени лимони со се кора, и готовата смеса ставете ја во шише. Користете го сирупот така што ќе земате по една до две лажички, до три пати дневно, во зависност од тежината на симптомите на болеста. Заради подобар ефект се препорачува да голтате пополека.

Како да направите ефикасен чај против настинка и болно грло?

Со четири чаши врела вода прелијте една рака сушени цветови од црвена детелина. Оставете да отстои 15 минути, а потоа додајте една лажица мед. Чајот е ефикасен против настинка и болно и воспалено грло.

 

www.doktori.mk, 22.09.2014

Последна вест

Најчитани статии - фармација