Kлинички карактеристики на лекот Bisacodyl

доктор на медицина

Bisacodyl e медицински производ со лаксативен ефект, кој поседува локално дејство на мукозата на дебелото црево. Тој се хидролизира од цревните ензими и ја стимулира перисталтиката, како и акумулацијата на течности и електролити во шуплината на дебелото црево.

Bisacodyl е лаксатив кој делува локално и припаѓа на групата на дифенилметан. Тој припаѓа на групата на контактни лаксативи, делува директно на нервните завршетоци во интестиналната слузница, главно во дебелото црево. Незначително се апсорбира во гастро-интестиналниот тракт; каде ензимите на интестиналната слузница на дебелото црево го хидролизираат во бис-(р-хидроксифенил)-пиридил-2-метан (ВНРМ). Последниов стимулира перисталтика како и акумулација на течности и електролити во интестиналниот лумен. 

Терапевтски индикации

  • Констипација;

  • Подготовка на дијагностички процедури за рендгенско снимање, екограф и инструментални испитувања на абдоминални органи и гастро - интестиналниот тракт;

  • Пред и пост оперативна терапија;

  • Потреба од овозможување на дефекација при хемороиди, анални фистули и рагади

Предозирање

Симптоми: Користењето на многу високи дози може да предизвика дијареа, абдоминални спазми, дисбаланс на електролити – вклучувајќи и симптоми на хипокалемија. Хроничното предозирање може да предизвика хронична дијареа, абдоминални болки, хипокалемија, секундарен хипералдостеронизам, нефролитиазис. Имало и случаи на реналени тубуларни оштетувања, метаболична алкалоза и слабост во мускулите, заради хипокалемија.


Лекување: испирање на стомак, провоцирање на повраќање, корекција на дисблансот на електролити, администрирање на симптоматски агенси.

Мерки на претпазливост

Нема дневна администрација на лекот. Треба да се разјаснат причините за констипација, и не смеат да се даваат лаксативи во подолг временски период. Производот се администрира кај деца само доколку го препишал лекар. Ко-администрацијата на високи дози на Bisacodyl заедно со диуретици и/или адренокортикостероиди може да го зголеми ризикот од дисбаланс на електролити. Ваквиот дисбаланс на електролити може да индуцира зголемена чувствителност кон кардијални гликозиди.

Несакани ефекти

Можна е појава на непријатност во стомакот, абдоминални болки како и дијареа.
Имало пријави за алергиски реакции поврзани со администрација на Bisacodyl, вклучително и ангиоедем и аналфилактични реакции.

 

Совет: Употребувајте лекови кои се исклучиво препишани од страна на вашиот матичен лекар или специјалист, никогаш на своја рака. Пред употреба на овој и било кој друг препарат преопорачуваме да се консултирате со Вашиот лекар или фармацевт .

Овој лек е регистриран и во нашата земја -  повеќе информации во официјалниот регистар на лекови - клинкете тука

 

Дознајте повеќе за д-р Дарко Стојановски

авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување

www.doktori.mk, 20.09.2013

Последна вест

Најчитани статии - фармација