Направете сами - сируп против анемија, целосно природен и ефикасен

Имате хронични проблеми со анемија? Постојано барате решение, кое потекнува од природата? Ако е така, тогаш ние имаме рецепт за сируп против анемија, кој користи целосно природни состојки. Иако за анемијата веќе имаме пишувано, денес решивме да ви го презентираме овој рецепт кој според многумина е навистина делотворен.

Што е потребно?

  • 300 грама сок од лимон, свежо исцеден заедно со кората

  • 300 грама ливадски мед

  • 300 грама мелени ораси

Како се прави?

Многу едноставно, измешајте ги сите состојки заедно и изматете ги додека не се соединат. Потоа ставете ја смесата во тегла. Можете да користите и поголеми или помали количини од 300 грама, важно е состојките да бидат во еднакви количини. Откако ќе го приготвите нема потреба да ја оставате да стои, смесата можете да ја користите уште од наредниот ден.

Како да ја користам?

Секое утро земајте по една голема лажица од смесата веднаш по станување од спиење. Смесата е одлична и за деца, но на децата давајте им по една мала лажичка исто така наутро.

>>>>>> Кон рубриката: Најздравите рецепти на едно место

 

www.doktori.mk, 18.09.2013

Последна вест

Најчитани статии - исхрана