Издигнете се - достигнете виталност

студент по медицина

Модерниот, брз начин на живот со себе носи мнoгу предности. Но, паралелно со тие предности доаѓаат и многу недостатоци- стрес, недостаток на концентрација, несоница, зголемена телесна тежина... Сето тоа се рефлектира врз нашето здравје. Најголем проблем со кој секојдневно се соочуваме, секако е дебелината. Денес, таа е се почеста и почеста и покрај тоа што сме свесни за несаканите индикации кои доаѓаат во прилог со неа.


Дебелината всушност, претставува водечка спречлива причина за смрт во светот, со зголемувањето на преваленцијата кај возрасни и деца. Претставува еден од најсериозните јавни здравствени проблеми на 21-от век токму поради тоа што со неа се зголемува веројатноста за појава на разни болести, особено срцеви заболувања, дијабетес тип 2, тешкотии во дишењето за време на спиењето, некои видови на рак и остеоартрит. Ние сите сме сведоци на денешната вистина дека процентот кој спаѓа на оваа категорија – гојазни(дебели) луѓе високо котира и секојдневно завзема се поголеми размери. Рапидно се зголемува процентот на масно ткиво. Категорија на највисок ризик секако дека се децата и тинејџерите. Гојазноста спаѓа во еден од главните проблеми во САД, а и ние сме на добар чекор следејќи го нивниот пример. Според едно европско истражување, тинејџерите од Малта се најдебели на Стариот континент, по што следат врсниците од Македонија. 

Причини за тоа се :

  •  Недовона физичка активност

  •  Неправилна и недоволно избалансирана исхрана

  •  Претерана консумација на газирани пијалоци

  • Долгото седење пред компјутер

  • Недоволен сон

Но, сепак постојат многубројни начини за тоа нешто да се промени. Најактуелна промена се строгите диети, но тие само можат да доведат до намалување на телесната тежина за краток временски период, поради нивното штетно дејство т.н. ЈОЈО ефект, со кој за многу кратко време можеме да ги вратиме изгубените килограми дури и да ги зголемиме и оние што сме ги имале претходно. Зачудувачки факт е дека генетиката има улога само 5 % од вкупниот процент на масно ткиво во нашиот организам и тоа во кој дел од телото сме склони за вишок, што значи дека НЕ претставува пресуден фактор за тоа дали ќе бидеме дебели или не. За да се одржи постојаната телесна тежина секако дека се бара и одредена физичка активност и намален калориски дневен внес. Некои истражувања покажаа подобрувања на здравјето и значителни намалувања на болестите кај одредени популации само со губење на тежината и подобрување на секојдневните навики.

Претставен е еден едноставен но многу ефикасен третман. Надополнувајќи го со силна мотивација, може многу лесно да се дојде до посакуваната фигура. Базиран само на здрави компоненти , многу лесно се ослободувате од вишокот на масни наслаги, особено на оние критични места, околу половината и бутовите. На кој начин ?

Помалку а повеќе

Една од вообичаените техники со коишто ќе се натерате себеси да јадете помалку е ако употребувате помали чинии токму поради фактот што помалите чинии изгледаат пополни отколку што се навистина, причинувајќи му на вашиот мозок дека изел повеќе. Докажано е дека дури и бојата на чинијата може да влијае врз тоа колку ќе изедете.

Црвена група: Во оваа група се вклучени доматите, розовиот грејпфрут и лубеницата. Ова овошје содржи фитонутритиент ликопен, кој може да спречи срцево заболување, заболувања на белите дробови, рак на простата и други тешки заболувања.
Црвено-виолетова група: Грозје, црвено вино, сок од грозје, брусница, боровинки, аронија, јагоди и црвени јаболка, се дел од црвено-виолетовата група. Оваа храна содржи антицијанин, антиоксидант кој заштитува од срцево заболување и спречување да се формираат крвни згрутчувања.
Портокалова група: Во оваа група се вклучени моркови, манго, кајсии, дињи, тикви, тиквички и слатки компири. Оваа храна, која е богата со алфа и бета-каротен, може да го спречи ракот со блокирање на клеточното оштетување предизвикано од оксидација.
Портокалово-жолта група: Оваа група е насочена кон превенцијата од срцево заболување и го содржи нутритиентот бета-криптотанксин. Во оваа портокалово-жолта група се вклучени сок од портокал, папаја, мандарини, праски, портокали и нектаринки.
Жолто-зелена група: Оваа група го вклучува спанаќот, зелени лисја од синап, репи, раштан, жолта пченка, зелен грашок, авокадо и диња-медлика. Оваа храна содржи лутеин и зеаксантин кои се добри за очите, може да помогне во спречување на катаракта и макуларна дегенерација поврзана со староста.
Зелена група: Во оваа група се вклучени брокула, прокељ, зелка, кинеска зелка и кељ. Оваа храна содржи сулфорафани, исотиоцијанати и индоли кои ја забрзуваат акцијата на ензимите кои ги уништуваат карцерогените во телото.
Бело-зелена група: Бело вино, лук, кромид, целер и круши, кои се богати со флавоноиди. Растенијата од фамилијата кромид, исто така, содржат алицин, кој го спречува растот на туморите.

Физичка активност

Комбинирани кардио и стомачни вежби со балансиран интензитет се полн погодок за вашето тело. Практикувајте што е можно повеќе вакви тренинзи, во поголеми временски интервали, барем 3-4 пати во текот на неделата. 

Чили, бибер, кари

Токму овие намирници допринесуваат за забрзување на метаболизмот и полесно согорување на дневниот внес на калории. Исто така, зачините делуваат и на крвотокот. По оброците, срцето чука побрзо и посилно, а крвниот притисок се појачува. Зачините овозможуваат срцето со помалку работа да го постигне истиот ефект.

Вода, вода и само вода

Водата претставува најдобар извор на детоксикација на тело, ослободување од слободните радикали и подобрување на варењето на храната. Дневна препорачана доза се 8 чаши или 2-2.5 л. во зависност од физичката активност на поединецот. Колку повеќе, толку подобро за вашиот организам.

Прави нешто продуктивно. Целиот бенефит од сето тоа ќе го добие твоето тело. Затоа што тоа и го заслужува. Потруди се, работи повеќе. И не грижи се, резултатите се видливи во огледало. Насмевни се и уживај!

 

-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

дознајте повеќе за Корнелија Ѓорѓиеска


 

 

 

 

www.doktori.mk, 18.09.2013

Последна вест

Најчитани статии - животен стил