За еден час со тебе тато...

извор: www.ringeraja.mk

 

Се вратил таткото од работа дома, уморен, нервозен и го нашол својот 5-годишен син како го чека на вратата.

”Тато, може ли нешто да те прашам?”

”Да, секако, кажи што е?”

”Тато, колку заработуваш на час?”

”Тоа не е твоја работа! Зошто ме прашуваш” – одговара таткото гневно.

”Само сакав да знам. Те молам кажи ми колку заработуваш на час”

”Ако веќе мораш и тоа да го знаеш, заработувам 50 долари на час”.

”Ох” – рече детето и ја наведна главата. “Тато, ќе ми позајмиш ли 25 долари?”

 

Таткото беше бесен. “Ако единствената причина што ме прашуваш за да ти позајмам пари е да би купил некаква играчка или слична бесмислица, тогаш заврти се и оди право во својата соба. Патем размисли зошто си толку себичен. Јас не работам секој ден за твоите детски лудории.”

Детето тивко отиде во собата и ја затвори вратата.

Таткото седеше и стана се по лут, заради прашањата на детето...

“Како се осмелува да праша такво нешто, само за да извлече од мене пари?”

 

После еден час, таткото малку се смири и размисли:

“Можеби навистина му требало нешто за тие 25 долари...Навистина не прашува често и не бара пари.”

 

Таткото отиде во собата на детето.

“Заспа ли сине?”

“Не тато, буден сум!”- одговори детето.

“Размислував...Можеби бев престрог кон тебе пред малку. Имам тежок ден и се истресов на тебе. Еве ти ги 25–те долари кои ги бараше”

Детето се исправи, смеејќи се “Ти благодарам тато”, рече. Тогаш посегна под перницата и извади сноп стуткани пари.

Кога таткото виде дека детето има пари, почна повторно да се лути.

Детето полека ги изброи парите и го погледна таткото.

Зошто бараше уште пари, кога си имал?!”- налутено рече таткото.

“Затоа што немав доволно, а сега имам” – рече детето.

“Тато, сега имам 50 долари. Можам ли да купам еден час од твоето време? Те молам, дојди си утре еден час порано од работа. Сакам да вечераме заедно.”

Таткото беше скршен. Го прегрна синот и го молеше да му прости.

 

Ова е само кратко потсетување за сите кои напорно работите. Не смееме да дозволиме да ги запоставиме луѓето кои ни значат многу, оние кои ни се блиски до срцето.

Ако умреме утре, компанијата за која работиме лесно ќе ни најде замена.

Но, на семејството и пријателите, кои ќе ги оставиме зад нас, ќе им недостасуваме цел живот.

 

 

 

www.doktori.mk, 18.09.2013

Последна вест

Најчитани статии - животен стил