Вишна - легендарно овошје со голем потенцијал

Вишната е овошје кое е познато уште од древните времиња. Било едно од омилените овошја на Персијците, Римјаните и Британците, а подоцна се пренело до скоро сите делови во светот. Нутриционистите за вишната велат дека е чудо од овошје, содржи се што е потребно за организмот да остане здрав и витален. Денес ќе се обидеме да ги откриеме повеќето од благодетите што вишната може да ги понуди.

Краток нутриционистички статус

Вишната има неверојатни лековити својства. Богата е со многу витамини, најмногу содржи витамин А, Ц, Е и фолна киселина. А од минерали најмногу содржи калиум и магнезиум. Содржи солидна количина и на железо, растителни влакна и феноли.

Вишна против воспаленија и болки

Спек интересно кај вишната е што има навистина силни и докажани против-воспалителни ефекти. Вишната е многу делотворна кога се во прашање хроничните воспаленија. Делотворна е при гихт, воспаленија на мускулите, остеоартритис, ревматоиден артритис и сл. Интересно е што научниците докажаа дека дваесет вишни дневно го ослободуваат организмот од болки исто како да имате испиено една таблета аспирин или ибупрофен. Научниците спровеле истражување со кое цврсто го докажале позитивниот ефект на вишните врз здравјето на човекот, имено, група доброволци консумирале 250 грама вишни секој ден во текот на две недели. На крајот од истражувањето биле направени многу испитување, при што се докажало дека кај овие испитаници, значително се намалиле воспалителните процеси, а се нормализирале и нивоата на холестерол и три глицериди, што докажува дека вишните се делотворни и при состојби на хиперлипидемии.

Вишна - секогаш прв избор за старите лица

Вишните изобилуваат со антиоксиданси кои се многу моќни го чуваат нервниот систем и спречуваат оксидативен стрес. Особено се важни за старите лица, бидејќи значително го намалуваат ризикот од невро-дегенеративни заболувања.

Вишна - за смирување и добар сон

Вишната е една од ретките овошја кои содржат мелатонин, природен хормон кој го регулира сонот. Инаку, нашето тело нормално го лачи овој хормон во ноќните часови за да го олесни заспивањето. Па поради ова слободно можеме да кажеме дека вишната е една од ретките овошја кои можат да ни помогнат да се смириме и заспиеме. Мелатонинот е ефикасен и против тегобите предизвикани од менопаузата, па затоа, вишната е одличен избор за жените кои влегуваат во менопауза.

Лековитите својства на вишната

Покрај споменатите еве  кратка листа, за што друго се е делотворна вишната во нашиот организам.

  • Вишната го храни и го штити мозокот

  • Вишната го намалува ризикот од дијабетес

  • Вишната помага при бубрежни тегоби

  • Вишната го подобрува варењето

  • Вишната е одлична за слабеење

  • Вишната го штити срцето

  • Вишната го штити генито-уринарниот тракт

Денеска споменавме само мал дел од придобивките кои вишната ги пружа на нашето здравје. Вишната е плод кој го има во нашата држава во изобилство, а ние се надеваме дека овој текст ќе помогне да се свртите кон ова овошје и да започнете редовно да го консумирате, бидејќи навистина го заслужува вашето внимание.

 

 

 

www.doktori.mk, 13.06.2014

Последна вест

Најчитани статии - исхрана