Пет совети како да го забрзате согорувањето на калории

Се трудите да внимавате на исхраната, но вашиот организам повторно е склон кон таложење на маснотии? Како да го промените ова? Што треба да правите за вашиот организам да започне да ги согорува калориите? Прочитајте ги петте наши совети ....

И повторно, кралски доручек ...

И повторно се навраќаме на важноста на здравиот, разновиден и пообилен доручек. Телото е програмирано, наутро да бара повеќе калории, метаболизмот се активира, а телото ја добива потребната енергија за денот. Јадете најмногу наутро, а ручекот и вечерата сведете ги на минимум, ова е правило број еден кое морате да го почитувате, ако сакате да престанете да се дебелеете.

Трик со длабоко вдишување

Пред да почнете со јадењето применувајте го трикот со длабоко вдишување. Се што треба да направите е пет пати по ред, да земете воздух полека во траење од 2-3 секунди, малку да го задржите и да издишувате полека во траење од 5-6 секунди. Ова го заспорува голтањето, го намалува чувството на глад, и му дава време на организмот да прати сигнал до мозокот дека сте сити. Според некои научници оваа техника да изедете помалку, а да се заситите.

Не јадете доцна навечер, ако не сакате голем стомак

Пред спиење изедете некое овошје или испијте чај од нане, но не јадете калорична храна. Јадењето навечер е главен виновник за таложењето на мастите околу стомакот и задникот, а причина за тоа е заспорениот метаболизам во овој период од денот.

Заштитете го црниот дроб

Здрав црн дроб значи и здраво тело, бидејќи тој е одговорен за чистењето на телото од разни организми и правилно метаболизирање на хранливите материи. Затоа редовно информирајте се која храна е безбедна за вашиот црн дроб.

Психотерапија

Мотивацијата и оптимизмот се одлика на витките луѓе. Зошто е тоа така? Бидејќи нивното тело искусува помалку стрес, а стресот го попречува топењето на мастите.

www.doktori.mk, 25.06.2014

Последна вест

Најчитани статии - исхрана