Доктори.мк | Откриен е сосема нов тип на вирус наречен Пандора вирус - научниците сметаат дека е од друга планета | Otkrien-e-sosema-nov-tip-na-virus-narecen-Pandora-virus-naucnicite-smetaat-deka-e-od-druga-planeta | Портал за медицина и здравје

Откриен е сосема нов тип на вирус наречен Пандора вирус - научниците сметаат дека е од друга планета

Два потполно нови вируси откриени се близу Чиле и во слатководното езеро близу Мелбурн. Научниците ги нарекоа Пандора вируси, по митолошката Пандорина кутија. Според нив, тие се нешто сосема поразлично, нешто што до сега не е сретнато на нашата планета.

Француските научници велат дека ова е најголемиот вирус кој до сега е откриен. Тие во медицинското списание science велат дека Пандора вирусите се долги  1 микро метар, двојно поголеми од мега вирусите, бидејќи големина од 440 нано метри, до сега се сметаше за максималната големина која може да ја достигне еден вирус.

Научниците смируваат, велејќи дека вирусот нема претензии да предизвикува епидемии и пандемии, но тие и понатаму остануваат збунети за тоа од каде овој вирус е дојден. Тие велат дека вакво нешто до сега нема забележано на земјата, а некои од научниците се убедени дека вирусот дошол од друга планета. Тие и понатаму работат на проучување на составот и однесувањето на Пандора вирусите.

www.doktori.mk, 16.09.2014

Последна вест

Најчитани статии - медицина