Доктори.мк | Што можат бебињата, а не можат возрасните? | sto-mozat-bebinjata-a-ne-mozat-vozrasnite | Портал за медицина и здравје

Што можат бебињата, а не можат возрасните?

извор: www.ringeraja.mk

 

Бебињата се слатки и потполно беспомошни битија. Меѓутоа, иако не знаат ништо, и тие имаат по некој ас во ракавот. Ви претставуваме 5 работи кои новороденчињата ги прават подобро од возрасните.

Инстикт за снаоѓање во вода

Новороденчињата имаат некои спортски, автоматски рефлекси кои ги губат со тек на развојот. Еден од нив е рефлексот на нуркање, познат и како брадикардиска реакција. Овој рефлекс го имаат китовите и останатите животни кои живеат во вода, а тој инстинкт е можеби остаток од нашето древно морско потекло.

Бебињата до шест месеци старост знаат да го запрат дишењето ако главата им се најде под вода. Во исто време им се намалува и срцевиот ритам што исто така им помага да го задржат кислородот, а крвта циркулира меѓу најважните органи: срцето и мозокот. Бебињата многу подолго ќе преживеат под вода, од возрасна личност.

Брзо учење

Бебињата учат многу побрзо отколку што можете да замислите. Скоро секое искуство кое ќе го доживеат бебињата го запомнуваат трајно преку изградба на нови синапси или заради врската меѓу клетките – невроните. До третата година од животот мозокот на бебето формирал околу 1.000 трилиони врски, или двојно повеќе од возрасна личност. Околу единаесеттата година, детскиот мозок почнува да ги одврзува густо поврзаните делови од мозокот.

Квантна интуиција

Квантна механика, бизарен собир на правила кои го регулираат однесувањето на елементарните честички, е транспарентен процес. Квантната механика објаснува дека честичката не е ни ваму ни таму, но двете места одеднаш и секаде се нешто помеѓу. Искуството го спречува човекот да ја разбере квантната механика.

Новородените бебиња не се навикнати на стварноста ниту во кој облик и тие се единствени кои интуитивно ја разбираат квантната механика. До третиот месец или малку повеќе, бебињата немаат чувство за траен објект нити разбираат дека еден предмет може да биде на едно место во едно време.

Ритам

Можеби кога ќе пораснат ќе бидат фудбалери или не, но бебињата се раѓаат со совршено чувство за ритам. Тоа покажало и истражувањето од 2009. година во кое истражувачите удирале во тапани во просторија со заспани бебиња од два и три дена. Научниците некогаш свиреле во правилен ритам, додека некогаш прескокнувале по некој тон. Кога ова ќе се случело електродите прикачени на главата на бебето покажувале промени во делот на мозокот при неправилното удирање на тапанот.

Едно од објаснувањата е дека бебињата добиваат ритам од мајчиното срце додека се се уште во материцата, или дека нивното чувство за ритам е од инстинктивна природа. Што и да е во прашање, научниците мислат дека тоа им помага на бебињата да го идентификуваат говорот на родителите, како и мајчиниот јазик.

Слатки се...

Не, навистина. Бебињата се беспомошни, треба да им се угодува и понекогаш толку досадни и иритантни што нема ништо да им проаѓа ако не се толку слатки. Но едно истражување открива дека таа доблест се губи околу четвртата година, кога нивното лице добива црти на возрасна личност. Се до тогаш децата имаат големи чела и глави, тркалезни лица и големи очи, со малечок нос и уста. Кој може да не го сака тоа...

 

 

 

www.doktori.mk, 14.09.2013

Последна вест

Најчитани статии - занимливости