Естетска насмевка со директни реставративни материјали (композити)

доктор по стоматологија
П.З.У. Стоматолошка ординација „Др.Лозаноски“

Со години фокусот на практичната стоматологија е првенствено на превенцијата и третманот на болестите. Од средината до крајот на двaесетиот век, стоматологијата евалуира како високо организирана професија со напреднати методологии, протоколи и третмани. И како што се развиваа реставративните материјали, така и стоматолозите и јавноста почнаа да ги препознаваат естетските придобивки кои ги овозможуваат истите. Јавноста повеќе не е принудена да ги избира металните реставрации кои ја враќаат функционалноста, но не и естетиката.

Со брзиот развој на реставративните материјали со боја на природните ткива, со откривањето на избелувачките агенси и со преокупираност за изгледот, пациентите оддеднаш избираат процедури кои се фокусирани на естетските подобрувања на нивните заби. Естетската стоматологија е дисциплина во рамките на стоматологијата во која примарен фокус е модификација или промена на изгледот на оралните структури, во кондукција со превенцијата и лекувањето на структурните, функционалните или органските заболувања. Преку естетската стоматологија, изгледот на устата се променува за најблиску да одговара до субјективниот став на пациентот со што ќе биде визуелно задоволен. Според оваа дефиниција, успешната естетска стоматологија се придржува кон принципот дека “ убавината е во очите на очевидецот”. 

Потоа се бара од стоматологот, како доктор(естетичар) да го прикаже субјективниот пристап на општите естетски принципи. Така да според горенаведеното стоматологот е уметник, а а пациентот добитник на неговото дело, а и двете лица имаат емоционален влог во процесот и резултатите. Да се биде успешен, лекарот мора да биде способен да ја стави настрана неговата пристрасност и да му овозможи на пациентот да ја води естетската дискусија. Откако тоа ќе се случи, веројатноста за естетски успех е зголемена. Доколку терапевтот целосно го контролира процесот и ги наметна неговите естетски предрасуди над оние од пациентот, шансите за успех се намалуваат. Иако на големо Американскиот концепт за тоа што претставува убава насмевка може да биде унифициран, мора да се напомене дека сеуште постојат различности во она, што претставува убава насмевка. Концептот на крупни, цврсти и бели заби со полни усни и минимална гингивална видливост претставува убава насмевка со релативни ограничени можности. Ако се прифати идејата од грчките филозофи дека убавината и естетиката е спој на симетријата и пропорциите, може да се тврди дека неестетиката или непривлечностите по дифолт се несиметрични и непропорционални. Кога овој концепт би се применувал кај насмевката, може да се претпостави дека убавата насмевка е хармонична, симетрична и правилно пропорционална.  

Растечката побарувачка на естетски услуги направи промени во стоматолошката пракса во дваесет и првиот век. Стоматолошките композити имаат предности како реставративни материјали во однос на естетиката, зачувување на забната структура, адхезивност кон забните структури, и ниска топлинска спроводливост. Контролни студии имаат покажано дека и оние недостатоци на композитите, како абењето, водената ресорпција, неконзистентната дентиска атхезија и полимеризационата контракција можат да се надминат со прецизни и соодветни техники за работа со композитите.

  •  Антериорни Директни Реставрации со композити ги вклучуваат реставративниот третман на кариозните лезии на фронталните заби,трауми ,абење,неисправни реставрации на фронталните заби, дијастемните затварања(затварање на просторот помеѓу забите), и композитните ламинати. Кај сите од овие реставративни третмани на почеток се изведуваат почетни клинички процедури кои се целосно завршени пред изработката на директната композитна реставрација,тоа се, дијагнозата и планот на терапија, избор на нијанса, проценка на оклузијата во однос на предложената реставрација, и суво работно поле.

  •  Реставративниот третман кај лезиите, трумите, абењето и неисправните реставрации вклучува одредена препарација на забната структура определена со карактеристиките на дефектот, потоа следи чистење на површините и завршува со атхезивниот процес, композитниот материјал се аплицира и се обликува со рачни инструменти. 

  • Случаевите на затварање или редукција на дијастемата(просторот помеѓу забите) клинички може да биде третирана ортодонтски, со директни или индиректни реставративни материјали, или во комбинација на двата модалитета. Ако е избран ретставративниот третман, ширината на максиларните предни заби не треба да надминува 80% од должината. Најчесто два од шесте фронтални заби бараат зголемување за оптимално естетско дијастемско затварање. Композитниот материјал, се поставуваат слоевито така што ќе ги заменат анатомските делови од забот, дентинот и емајлот, со што би се постигнала пореалистична реставрација. 

  • Директните композитни фасети(ламинати) се тенки прекривки на фацијалните(предни)површини на забите и служат за да ги препокријат дисколорациите или оштетувањата на забите. Тие може а и не мора да бараат препарација на забите. Препарацијата е неопходна во случаи каде треба да се избегне предимензионирање на контурите на забот или онаму каде што треба да се обезбеди доволна дебелина за композитниот материјал да може да ја демаскира дисколорацијата.

 

 

 

Повеќе за авторот >>>

-авторски текст, не смее да се користи зa комерцијални цели и/или реемитување-

www.doktori.mk, 13.09.2013

Последна вест

Најчитани статии - стоматологија