Зошто е Мака корисна за човековиот организам

доктор на медицина

Мака (Lepidium Meyenii) има тонични ефекти врз биохемиското функционирање на човечкото тело. Главен меѓу овие ефекти е подобрување на ендокрината функција. Ендокриниот систем ги вклучува сите жлезди и хормони кои се лачат и кои контролираат важни процеси, како што се плодноста, сексуалната функција, варењето и физиолошките процеси во нервниот систем и нивото на енергија. Хормоналната регулација е одговорна за сите физиолошки својства кои Ви овозможуваат да уживате во огромен број сензации, вклучувајќи ги и оние поврзани со сексуалната возбуда, физичката активност и емоционалните состојби.

Маката исто така е адаптоген, што значи дека ја зголемува способноста на телото да се брани од физичко и ментално слабеење, па оттука и од потенцијални болести. Се верува дека ова се постигнува со одржување на функцијата на хипофизата и надбубрежната жлезда, кои придонесуваат за соодветна функција на ендокриниот систем. Мака содржи фитохемикалии, флавоноиди, гликозиди и изотиоцијанати кои покажуваат антиоксидантен ефект. Исто така содржи значајни количини на аминокиселини, јаглехидрати, минерали вклучувајќи калциум, фосфор, цинк, магнезиум, железо, како и витамини Б1, Б2, Б12, Ц и Е.

Зголемување на енергијата, виталноста и подобрување на психофизичкото здравје кај двата пола

Мака му овозможува на телото да се справи со физички, хемиски и биолошки стрес. Не покажува токсични ефекти, а ја зголемува отпорноста кон стрес и замор. Различни дози на екстракт на мака се покажало дека можат да ја зголемат физичката активност. Мака се користи и како одлична алтернатива на анаболните стероиди за спортистите кои сакаат мускулна хипертрофија. За разлика од многу други супстанци за зголемување на мускулите, Мака не содржи хемикалии кои интерферираат со нормалното функционирање на ендокриниот систем. Исто така, можат да помогнат во процесот на закрепнување од мускулен замор после напорни физички активности, што се мери со продукцијата на млечна киселина.



Зголемување на либидото и подобрување на хормоналниот баланс кај двата пола

Мака го поттикнува телото да произведува сопствени хормони за да се врати во рамнотежа, наместо внесување на хормони во телото однадвор. Популарноста на мака од ден на ден се повеќе расте поради нејзините извонредни ефекти, подобрување на плодноста и квалитетите на афродизијак. Мажите ја користат за подобрување на плодноста и сексуалната функција. Сепак, и мажите и жените откриле дека значително го зголемува либидото и сексуалната желба, ја зголемува енергијата, издржливоста и чувство на општа благосостојба.  Првичната анализа на мака укажала дека ефектите врз плодноста се резултат на глукозинолатите. Хемиска анализа спроведена во 1981 година покажала присуство на биолошки активни ароматични изотиоцијанати, особено п-methoxybenzyl isothiocyanate, кој е познат по своите афродизијачки својства. Во една мала 12-неделна, двојно-слепа, плацебо-контролирана студија, се покажало дека употребата на мака во дози од 1500 mg или 3000 mg може да го зголеми машкото либидо.

Подобрување на еректилната функција, намалување на симптомите на импотенција, подобрување на сперматогенезата и нивото на тестостеронот во организмот кај мажите

Мака може да биде корисна за еректилната дисфункција со подобрување во активноста на ендотелниот L-аргинин-азотен оксид. По орална администрација на 10% етанолна суспензија на прочистени липидни екстракти од мака за 22 дена, латентниот период на ерекција бил намален . Според извештај во 2001 година во "Asian Journal of Andrology" Мака, исто така, го зголемила бројот, квалитетот и подвижноста на сперматозоидите кај нормалните мажи.



Намалување на симптомите на менопауза

Кај жените Мака помага во олеснување на симптомите на ПМС и менопауза, намалување на топлотни удари и ноќно потење, спиењето се нормализира и нивото на стрес се намалува кога Мака ќе се внесе во секојдневна употреба. Maкa има позитивни ефекти врз симптомите на менопаузата покажала студијата во 2008 спроведена на Викторија Универзитетот, Австралија и објавена во списанието "Menopause" Четиринаесет жени во постменопауза се ослободиле од анксиозност, ментална конфузија, намалена функцијата помнење, депресија и сексуална дисфункција, кога тие користеле мака. Мака не влијае на нивото на естроген или други хормони во оваа рандомизирана, двојно слепа, плацебо-контролирана студија. Исто така, лабораториските тестови покажале дека нивоато на естроген или тестостерон не реагираат позитивно кога мака е додадена во суплементацијата.

Антистрес ефекти

Екстракт од мака администриран кај стаорци покажал намалување на неколку маркери поврзани со стресот: стрес-индуцирани улцери, покачено ниво на кортикостерон, намалување на гликозата и зголемување на масата на надбубрежните жлезди. Мака, исто така, го елиминирала намалување на слободни масни-киселини во плазмата произведени од стрес.

Manuel Sandoval во Албани Медицинскиот колеџ покажал дека култура од крвни клетки во лабораторија, биле заштитени од оксидација со мака екстракт. Според извештајот објавен во "Хемиска храна" во 2002 година, овој резултат се должи на способноста на одредени компоненти кои што ги содржи мака, најверојатно флавонолите, да ги спречува кислородните радикали. Изотиоцијанатите во екстрактот од мака исто така имаат антиоксидантни ефекти.

 

Дознајте повеќе за д-р Дарко Стојановски

 

авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување

www.doktori.mk, 13.09.2013

Последна вест

Најчитани статии - исхрана