Доктори.мк | Љубовно писмо | ljubovno-pismo | Портал за медицина и здравје

Љубовно писмо

специјалист уролог, Специјална болница "Св. Еразмо" - Охрид
професор по "Хирургија со нега" и "Полово образование" на Универзитетот "Св. Климент Охридски" - Битола

Љубовните писма се најромантични и најсензуални за да се каже: „Те сакам“.
Разговорите бледат, ружите венат, но доброто љубовно писмо се чува. Тоа е вистински траен спомен.

Љубовните писма ни даваат чувство дека сме нешто навистина посебни. Има и многу други работи што можат во нас да предизвикаат слично чувство: интимен разговор, букет од ружи, неочекуван телефонски повик или секси е-маил, но тешко е да се опише она единствено чувство додека го отворате пликото и листот хартија и ги читате избраните зборови што се внимателно пишувани. Љубовните писма се чист афродизијак. Пликото го наоѓате во поштенското сандаче меѓу куп на сметки и рекламни материјали. Самиот поглед на него разбудува слатко возбудување силно разгорувајќи го чувството на заљубеност. Го гледате своето име напишано со ракопис што Ви е познат и топол, како вашата најмила маица. Ве обзема благ тремор додека се прашувате што тоа толку го трогнало и го возбудило испраќачот, па морал да седне и да го напише писмото. Писмото го ставате в торба и брзате в соба да го прочитате како дете што ја чува чоколадата, радувајќи се на моментот кога конечно ќе ја изеде. Тоа е преубаво чувство: писмо што лежи в торба како некое скриено скапоцено камче. Љубавните писма имаат уште еден квалитет по кој се разликуваат од другите романтични гестови: тие се трајни. Разговорите бледат, ружите венат, но добро љубовно писмо се чува. Со текот на времето сè е минато: модата, стиловите, меѓучовечките односи..., но љубовното писмо е трајно и опипливо, нешто што можете да го чувате колку што сакате.

Љубовна психотерапија

Понекогаш трајноста на писмото е добредојдена и практична. Ако љубовта избледи или, пак, врската се прекине, можете да го земете писмото и во мислите да ја повикате некогашната среќа. Кога се минува низ лоши фази од животот, се читаат старите љубовни писма. Преубави се. Дури и во моменти на најсилна лутина се разнежнувате при помислата на толкавата заљубеност. Таквите чувства тешко можат да избледат. Радоста што што се чувствува кога добивате љубовно писмо може да се спореди единствено со она кога самите го пишувате и го праќате. Љубовните писма содржат посебен интензитет на страст. Дали некогаш сте имале толку силни чувства кон некого за да сте биле принудени своите мисли да ги ставите на хартија во тој момент? Љубовните писма се хитни, неодложни. Тоа е своевидна љубовна психотерапија: ве обзема незадржлива потреба чувствата да ги преточите во зборови, а потоа ве преплавува олеснување. Затоа пишувањето на писмата е еднакво возбудливо како и нивното читање. Не станува збор за пренесување на информации. Сакате да ја пренесете својата моментална душевна состојба, да најдете вистинска мерка на хумор, чувства, страст...
Во разговорот, па дури и во најинтимниот, човекот ретко има прилика да ги пренесе своите мисли и своите чувства, да ги пронајде вистинските зборови внимателно и без брзање. Спротивно од тоа, над љубовното писмо можете да поминете со часови и часови, да пишувате стотина верзии, да го барате идеалниот збор, совршенство на реченицата. Затоа љубовните писма имаат квалитет на „единствена креација“. Можете да ги прекројувате, да напишете нешто што за други не би имало смисла, но ТОЈ, кому му пишувате, ќе разбере што сте сакале да му кажете.

Романтичарка

Романтичната љубов е вистински погодок. Дали некогаш сте се обиделе да се замислите над прашањето: „како го сакам“, „зошто го сакам“? Дури и ако вашиот партнер спаѓа во оние кои не пропуштаат прилика да истакнат дека е „романтиката само за жени и дека се тие срцекршителни писма помалку смешни и недостојни за сериозен маж“, уверете го во спротивното. Треба да сфати дека не мора да биде оптоварен со врежаните предрасуди за таквиот начин на искажување на верноста. Ако не сака големи љубовни изјави да ги става во плико, нека се опушти и пишува за тоа „што му е на срцето“. Вие сигурно ќе го сакате уште повеќе, а писмата еден ден ќе бидат преубав заеднички спомен.

Опасни врски

Дека може со писмо да се распалат најголеми љубовни страсти знаел Чедерл де Лако (Choderlos de Laclos), француски писател од XVIII век, пишувајќи го романот Опасни врски. На страниците на тоа ремек-дело љубовните писма горат со страст и со еротика што ниту една филмска верзија, колку и да е добра, не можела доволно убедливо да ги пренесе. Дури и компјутерското време ни оставило право на љубовна преписка. Тој сензационален е-маил често се користи и во љубовни цели. Момчињата преку компјутерите се посилни и поинтимни отколку во животот.

До совршено љубовно писмо

Секогаш љубовните писма пишувајте ги рачно. Тоа им дава печат на личноста и на интимноста. Ракописот е единствен и неповторлив. Дотерувајте го своето љубовно писмо исто како што се дотерувате за првиот состанок. Оставете совршен впечаток. Да го пуштите писмото истуткано и листот потурен со кафе е исто како да влезете во театар со гумени чизми. Љубовното писмо е едно од најчувствителните комуникации и тоа мора исклучиво да доаѓа од вас. Никогаш не барајте помош од пријател/ка. Дури и да не е совршено, тоа го откирва вашето вистинско „јас“. Ако тоа на партнерот не му е доволно, испраќајте ги писмата на друга адреса.



Вметнете малку веселост. Бидете секогаш свои. Ако е листот хартија син, напишете му дека е тоа намерно зашто бил многу убав во сина маица. Нека почувствува дека само вие сте можеле да му го напишете. Тргнете се од баналности. Работата не е соодветна тема, тоа го „разводнува“ она најважното – љубовната порака. Држете се подалеку од клишеа. Писмата се бумеранг. Љубовните писма се чуваат, во нив се ужива и по многу години откако се напишани. Избегавајте го она што некој ден би ви било непријатно. Ако е во писмото нешто непримерно, тоа може да ви се врати како бумеранг.

 

авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

повеќе за проф. д-р Миќуновиќ > > >

www.doktori.mk, 10.09.2013

Последна вест

Најчитани статии - животен стил