Здрава храна која заситува, но не дебелее

Понекогаш самите себе си признаваме дека немаме време да практикуваме строги режими на исхрана, но истовремено сме свесни дека мораме да ја зачуваме линијата и да се грижиме за нашето здравје. Во ваков случај неопходно е да бараме намирници кои се здрави,  заситуваат и не дебелеат. Има ли таква храна? Па, постојат некои намирници кои се близу до она што го опишавме, а еве на што мислиме...

Овесна каша

Овесната каша е секогаш прв избор. Нешто, што ќе го добиете како совет од скоро секој нутриционист, се препорачува и на фитнес професионалците. Храна која е здрава ќе ве засити, и нема да влијае многу на вашата телесна тежина.

Пилешки гради

Пилешки гради со отстранување на кожичката е одлична храна која е здрава, брзо најадува и не дебелее. Ова е храна која е многу вкусна, па паѓа во вода вашата помисла дека се што ќе наброиме во оваа статија е едноставно не вкусно.

Морски плодови

Полни се протеини, а многу малку масти. Интересни јадења можете да направите со морските плодови, можете да направите вкусни оброци, кои ќе ве најадат, и нема да влијаат на вашата тежина.

Белката од јајцето

Одличен и здрав избор. Но, никако не ја користете жолчката, таа е сосема нешто друго кога е во прашање храна која најадува, а не дебелее. Направете кајгана со белката од јајцето или уште подобро и поздраво, сварете го јајцето и одвоете ја жолчката.

 

За крај: Рецепт за согорување масти

Што ни е потребно?

Лимон и мед

Како да го приготвиме?

Во чаша со топла вода исцедете еден лимон и ставете една лажица мед. Пијте по една чаша дневно. Согорувањето на мастите се зголемува за 20%.

 

 

www.doktori.mk, 14.09.2013

Последна вест

Најчитани статии - исхрана