Мажите и романтиката - Што се за мажите може да биде романтично?

Многу од жените велат дека маж и романтика многу ретко одат заедно, а секако на ова веднаш добиваат критики од мажите во смисол дека сите мажи не се исти. Да, сите мажи не се исти, но понекогаш научниците едноставно се согласуваат со фактот дека машката романтика знае да завземе навистина бизарни размери. Еве што се открија последните истражувања.

Навистина, ако поставите прашање "Што е романтично за еден маж?", сигурно е дека ќе добиете илјадници одговори, односно, толку различни одговори колку што мажи ќе прашате. Повеќето од жените се согласуваат во тоа што е романтично за една жена, но кај мажите ќе добиете одговори кои едноставно ќе ве остават без коментар. Последното истражување ни открива листа од бизарни одговори кои ги дале повеќе мажи за тоа што е романтично за нив:

 

  • Подавањето на далечинскиот управувач од партнерката било многу чест одговор

  • Кревањето на капакот од WC школката било исто така чест одговор

  • Мокрење на маичката за време на миењето садови

  • Набљудување на партнерката додека пегла

  • Набљудување на партнерката додека ја средува собата и сл.

Дека не е се така црно, говорат и некои податоци од истражувањето кои укажуваат дека некои мажи сепак имаат нормално чувство за романтика бидејќи изјавиле дека за нив романтично е:

  • Кога им подаруваат цвеќе на жените

  • Кога им носат ручек во кревет

  • Кога се со партнерката во миризлива купка

  • Кога шетаат во природа и сл.

Ако мислевте дека само вашиот дечко има бизарна смисла за романтика, тогаш веројатно сега се предомисливте. Сепак факт е дека без разлика дали сте маж или жена, секоја индивидуа има различни принципи, правила и потреби, секоја индивидуа има засебно чувство за тоа што е романтично. Затоа немојте да се обидувате да го смените вашиот партнер, бидејќи веројатно нема да успеете, сакајте го таков каков што е, бидејќи оригиналноста кај човекот секогаш била ценета.

 

 

www.doktori.mk, 11.09.2013

Последна вест

Најчитани статии - животен стил