Варикозни вени - од друг агол

магистер по биологија (биохемиско-физиолошка насока)

Честопати лекарите велат дека нема лек за варикозните вени – дали е тоа вистина? Нашиот организам попушта и ослабува – токму благодарение на неправилниот начин на исхрана (еднолична исхрана или исхрана сиромашна со зеленчук, овошје, јаткасти плодови, па дури и ароматични билки и чаеви). Колку помодерно живееме – толку сѐ повеќе и повеќе се оттргнуваме од здравите намирници – а на нашето секојдневно мени настапуваат разни салами, виршли, паштети, мајонези, кечапи, газирани сокови, чипсови, кафиња, грицки, сладоледи со вештачки ароми и конзерванси, шумечки таблети, витамини во прашоци и во таблети – сето тоа што ни го нуди прехранбената – хемиска и фармацевтска индустрија.

Да не заборавиме дека и нездравиот начин на живот, пасивност и отсуство на спортска активност или прошетки во паркови, пушењето цигари и конзумирањето алкохол (во вид на коктели, ликери, ракија, вино и пиво) – допринесуваат за слабеењето на нашиот организам и постепеното попуштање во функција на одредени органи и делови од нашите органски системи. Ако сериозно си ја сфатите состојбата со вашите вени и ако ги превземете потребните чекори во лекувањето на таа состојба – тогаш ќе доживеете успех и ќе го повратите младешкиот изглед на вашите нозе. Еве неколку упатства кон кои треба да се придржувате за да постигнете успех:

Начин на живот и домашно приготвени лекови

Постојат одредени мерки на самозаштита кои можат да се преземат, со цел да се намали непријатноста што можат да ја предизвикаат проширените вени. Истите овие мерки можат да помогнат да се спречи или забави развојот на проширени вени, како и да се излечат (од персоналот на Мејо Клиниката во САД -By Mayo Clinic staff ). Овие мерки вклучуваат: 

  1. Вежбање. Движете се. Пешачењето и возењето велосипед претставуваат одличен начин за поттикнување на циркулацијата на крвта во нозете. Вашиот доктор може да ви препорача соодветен ниво на активност за вас.

  2.  Внимавајте на тежината, и вашата исхрана. Додавањето на вишок килограми на вашето тело предизвикува непотребен притисок на вашите вени. Она што го јадете може да помогне, исто така. Земајте несолена храна (или храна која не содржи многу сол во себе) за да го спречите отокот предизвикан од задржување на водата.

  3. Внимавајте што облекувате. Доколку сте припадник на женскиот пол, тогаш избегнувајте високи потпетици. Чевлите со ниски потпетици повеќе ги разработуваат подколеничните мускули, што е подобро за вашите вени. Не носете тесна облека околу половината, нозете или препоните. Тесните панталони на пример, може да го отсече протокот на крв во нозете.

  4. Подигнете ги нозете. Да се подобри циркулацијата во нозете, правете неколку кратки паузи дневно за да ги подигнете ги нозете над нивото на срцето. На пример, легнете со одмарање на нозете на три или четири перници.

  5. Избегнувајте долги периоди на седење или стоење. Менувајте ја често позицијата на вашето тело за да се поттикне протокот на крв. Обидете се да се движите наоколу најмалку на секои 30 минути или слично.

  6.  Не седете со скрстени нозе. Некои лекари веруваат дека оваа позиција може да ги зголеми проблемите со циркулацијата на крвта во нозете.

Применувајте алтернативна медицина

Оваа секојдневна терапија со сигурност дава позитивни резултати во лекувањето на проширени вени. Истата се состои од следниот третман:

  1.  Купете жива леблебија (наут или слануток) од продавниците за здрава храна. Сомелете го наутот (леблебијата т.е. сланутокот) во брашно, во машинка за мелење кафе.

  2.  Секоја вечер земете по една полна со врв супена лажица од тоа брашно од наут и ставете го во чаша која ќе ја дополните со вода. Така раствореното со вода наутово брашно треба да стои преку ноќ на собна температура.

  3.  Наутро, на празен стомак испијте ја оваа мешавина и еден час не земајте ништо.

  4.  После овој пијалок напијте се една чаша чај од невен во кој имате капнато 5 капки тинктура од див костен. Дури после половина час од испиениот чај од невен можете да појадувате (рецептот за приготвување на чај од невен се наоѓа подолу).

  5.  Во текот на денот пијте три такви шољи чај од невен со по пет капки од тинктура на див костен, и тоа половина час пред јадење.

  6. Секое утро и пладне редовно мачкајте ги нозете со домашно приготвената тинктура од див костен (подолу се наоѓа рецептот за приготвување на тинктура од див костен).

  7.  Секоја вечер и ноќ пред спиење, редовно мачкајте ги нозете со домашно приготвениот крем од невен (рецептот за приготвување на домашен крем од невен се наоѓа подолу)

Како се подготвува чај од невен?

Во чаша за чај, една до врв полна кафена лажичка од суви цветови невен, преливаме со 250 милилитри зовриена вода и поклопуваме со чинивче. Така припремениот чај го оставаме да стои 15-тина минути, а потоа го процадуваме и пиеме (со пет капки тинктура од див костен во него). 

Како се приготвува домашен мелем од невен?

Четириесет цвета од невен (набрани на сонце околу 12:00 часот, кога цветовите се целосно отворени) пропржуваме во претходно растопена и зовриена 250 гр. несолена свинска маст. Невенот го пропржуваме 5 минути. Потоа маста со цветовите невен ја тргаме настрана од ринглата и ја оставаме да преноќи. Наредниот ден маста повторно ја растопуваме на рингла и истата ја мешаме 2 минути. За да ги отстраниме цветовите невен од маста, растопената маст ја процедуваме низ цедалка во посебно кутивче за кремот кое потоа го ставаме во фрижидер да се стврдне. Тој домашен мелем од невен се користи за мачкање на нозете секоја вечер и ноќ пред спиење.

Како се приготвува тинктура од плодови од див костен?

Се ситнат и мелат 40 (четириесет) диви костени и се ставаат во стаклена тегла (по можност од еден килограм – но доколку немате, тогаш 20 диви костени се ситнат и мелат а потоа се ставаат во стаклена тегла од половина килограм). Теглата со сомелени диви костени се дополнува до врв со домашна ракија. Така приготвената тегла се остава на темно 40 дена, со секојдневно мешање. По истекот на 40 дена, добиената тинктура преку цедалка и инка се процедува во стаклено шише. Од оваа тинктура ставаме во чисто шишенце со капалка (на пример употребено шише од капки прополис) и ставаме по 5 капки во шоља со чај од невен половина час пред јадење, или ставаме по 5 капки на коцка шеќер половина час пред јадење.

 

Превенција

Спречувањето на настанување на проширени вени ќе биде успешно ако:

  • Вежбаме (пешачиме или возиме велосипед)

  • Внимаваме на телесната тежина

  • Јадеме растителна храна богата со растителни влакна а сиромашна со сол (натриум хлорид)

  • Избегаваме носење високи потпетици (високи штикли) и тесна и припиена облека која ја спречува циркулацијата во нозете.

  • При одмарање ги креваме нозете поставени на 3-4 перници и во ниво на срцето

  • Редовно ја менуваме позицијата на седење и стоење

 

Ако сте зачудени зошто и леблебијата (наутот т.е сланутокот) завзема важно место во овој третман на варикозни вени, одговорот се наоѓа токму во оваа табела на нутриционистичка вредност на леблебијата (витамини и минерали содржани во 100 гр. варена и несолена леблебија):

Chickpeas, mature seeds, cooked no salt/ Леблебија, зрели зрна, варени  без сол

Nutritional value per 100 g (3.5 oz)/ Хранлива вредност на 100 гр.

Energy(Енергија)

686 kJ (164 kcal)

Carbohydrates(Јаглехидрати)

27.42 g

- Sugars(Шеќери)

4.8 g

- Dietary fiber(Растителни влакна)

7.6 g

Fat(Масти)

2.59 g

- saturated(заситени)

0.269 g

- monounsaturated(монозаситени)

0.583 g

- polyunsaturated(полизаситени)

1.156 g

Protein(Протеини)

8.86 g

Water(Вода)

60.21 g

Vitamin A equiv.

1 μg (0%)

Thiamine (vit. B1)

0.116 mg (10%)

Riboflavin (vit. B2)

0.063 mg (5%)

Niacin (vit. B3)

0.526 mg (4%)

Pantothenic acid (B5)

0.286 mg (6%)

Vitamin B6

0.139 mg (11%)

Folate (vit. B9)

172 μg (43%)

Vitamin B12

0 μg (0%)

Vitamin C

1.3 mg (2%)

Vitamin E

0.35 mg (2%)

Vitamin K

4 μg (4%)

Calcium(Калциум)

49 mg (5%)

Iron(Железо)

2.89 mg (22%)

Magnesium(Магнезиум)

48 mg (14%)

Phosphorus(Фосфор)

168 mg (24%)

Potassium(Калиум)

291 mg (6%)

Sodium(Натриум)

7 mg (0%)

Zinc(Цинк)

1.53 mg (16%)

Percentages are roughly approximated
using US recommendations for adults.
Source: USDA Nutrient Database

 

 

 

 

 

>>>>>>> Дознајте повеќе за м-р Нетка Димоска

 

www.doktori.mk, 04.09.2013

Последна вест

Најчитани статии - медицина