Доктори.мк | Хибернациска диета - Слабејте додека спиете | Hibernaciska-dieta-slabejte-dodeka-spiete | Портал за медицина и здравје

Хибернациска диета - Слабејте додека спиете

Марк и Стјуарт Мекинес се татко и син, фармацевт и нутриционист. Тие по долго истражување ја основале Хибернациската диета. Таа се разликува од секоја друга диета, а Мекинесови тврдат дека дава одлични резултати. Еве за што се работи ...

Оваа диета се заснова на јадење мед пред спиење. Значи еден час пред да одите на спиење треба да консумирате две лажици мед. Според Мекинсови, медот има голем потенцијал за топење на мастите кога телото е во потполен одмор, односно во текот на спиењето. Тие велат дека во текот на спиењето фруктозата од медот влијае на црниот дроб го активира и се ослободуваат хормони за опоравување кои помагаат во регенерација на оштетените ткива во организмот, детоксикација и топење на масти.

Сепак за успешноста на оваа диета потребно е исто така еден час пред спиење да применувате некои едноставни вежби, а и во текот на денот да не консумирате многу мрсна и високо калорична храна. Целта на оваа диета е да се укаже на фактот дека и за време на спиење може да се слабее, но за тоа е неопходна правилна работа на органите како и намалување на стресот. Медот како супернамирница е одличен избор за тоа. Затоа сумирано:



Две лажици мед еден час пред спиење заедно со 15 минути лесни, но динамични вежби и контрола на калоричноста на храната е рецепт за здраво, цврсто и витко тело.

www.doktori.mk, 08.09.2013

Последна вест

Најчитани статии - исхрана