Доктори.мк | Совети и рецепти како да одржувате здрави и сјајни нокти | Soveti-i-recepti-kako-da-odrzuvate-zdravi-i-sjajni-nokti | Портал за медицина и здравје

Совети и рецепти како да одржувате здрави и сјајни нокти

Ноктите се важен дел од телото кој многу зборува за вашето здравје и вашиот изглед. Тенките, кршливи и неправилно пораснати нокти, освен што му штетат на вашиот изглед, можат да укажуваат и на бројни состојби на вашето здравје. Денес ви нудиме неколку совети и рецепти како да одржувате здрави и сјајни нокти.

Вашите нокти укажуваат на дефицит на витамини и минерали

Доколку вашите нокти се суви и кршливи тогаш мора да ја збогатите вашата исхрана со намирници кои содржат витамин А и калциум. Доколку пак вашите нокти се извиткуваат надолу, тогаш тоа е знак дека на вашето тело му недостасува витамин Ц, фолна киселина и протеини. Доколку ноктите се склони кон постојано лесно кршење, тогаш ова може да укажува на дефицит на железо, ако покрај кршењето има и лупење тогаш едноставно им фали хидратација.

Редовната хидратација прави чуда на за вашите нокти

Ова можете да го направите и со крема за хидратација, но природно најдобро да го направите со масло од бедем или со маслиново масло. Веднаш откако ќе се истуширате намачкајте ги вашите нокти со едно од овие масла и почекајте. После туширањето маслото лесно пробива во ноктите, ќе спречите лесно кршење и неправилен облик.

Рецепт за домашен пилинг

Домашниот пилинг направете го два пати неделно со мешање на следните состојки:  Маслиново масло, рицинусово масло, една лажица мед и пола лажица мелени ореви. Истрлајте на ноктите, а потоа измијте ги со топла вода и нанесете хидратантен крем или применете го горниот совет за хидратација.

Рецепт за испукани нокти

Рецептот е едноставен, а и многу делотворен, се состои од мешање на еден цеден лимон и лажица мед. Оваа смеса нанесете ја на ноктите и ставете памучни ракавици. Држете така барем половина час, потоа измијте.

Покрај забите, кожата на рацете, лицето и убаво обликуваното тело и ноктите се во првите пет детали кои не само кај жените туку и кај мажите предизвикуваат големо внимание. Затоа никогаш немојте да ги запуштате и оставате, секогаш грижете се за нивното здравје и убавина, бидејќи тие имаат многу што да кажат за вас.

 

 

 

www.doktori.mk, 07.09.2013

Последна вест

Најчитани статии - животен стил