Доктори.мк | Секс во вода - работи кои морате да ги знаете | Seks-vo-voda-raboti-koi-morate-da-gi-znaete | Портал за медицина и здравје

Секс во вода - работи кои морате да ги знаете

Љубители сте на летните авантури? Сакате да експериментирате, па затоа сакате да пробате и секс во вода? Изгледа интересно, но, не е толку едноставно.... Еве некои работи кои морате да ги знаете.

Ако поразговарате со некој кој веќе пробал секс во вода веднаш ќе ви каже дека тој ни малку не е ист како оној што често можете да го сретнете во филмовите за возрасни. Причините за тоа се бројни. Од зголемениот ризик за повреди, инфекции па се до главниот проблем, а тоа е неможноста за добра лубрификација. Кондомот не е решение, а не удобност постои и кај мажот и кај жената. Пред да направиме кратка анализа на местата каде луѓето најмногу практикуваат да имаат секс во вода мораме да напоменеме една работа. Пред да имате секс во вода со себе мора да понесете лубрикант кој не се раствора во вода. Кондомот не е ефикасен со својот лубрикант бидејќи тој се раствора во вода и сексот скоро се оневозможува.

Секс во базен

Секако дека  тоа треба да биде приватен и по можност затворен базен, во спротивни можете да завршите во полиција или во полош случај на некоја од социјалните мрежи. Но, главниот проблем е хлорот во базенот. Многу жени се алергични, а и хлорот може да предизвика бројни иритации на вагиналната слузокожа, па пенетрацијата под вода не се препорачува. 

Затоа се препорачува да практикувате орален секс. Или ако веќе сакате да се опуштите до крај, правете го тоа на работ од базенот без да се потопувате повеќе во вода. Бидејќи хлорот навистина подоцна може многу скапо да и наплати на вашата партнерка.

Секс во природни води

Кај сексотво природни води хлорот не е пречка, но затоа водата содржи други работи кои можат да бидат големи пречки. Така морската вода содржи сол, солот не е пријател на вагиналната слузокожа, па може да предизвика иритации на вагината. Освен тоа песокот може да биде уште повеќе проблематичен бидејќи во вагината можете да внесете ситни, но остри мали камчиња или стакленца кои можат да направат неверојатно сложени компликации и нелагодности. 

Доколку навистина го обожувате сексот во природните води, кои често изгледаат навистина романтично, тогаш најдобро е тоа да го практикувате со користење на дебела прекривка врз песокот или подобро на некој пловен објект, кој ќе ви пружи побезбеден секс, а нема да ја уништи романтиката.

Секс под туш

Во овој случај водата не е голем проблем, но, проблем е лизгавиот под. Иако можеби звучи смешно, но, годишно многу луѓе доаѓаат и до тежок инвалидитет поради паѓање за време на секс под туш.

Затоа, осигурајте си сигурно место за држење, особено на партнерката бидејќи најубавите моменти на страст можат лесно да станат "голема главоболка".

Сумирано кажано, ние не ве советуваме да не го практикувате сексот во вода, туку само ве предупредуваме пред да се препуштите на откачените летни задоволства, да внимавате на опасностите кои можат да ви направат сериозни проблеми.

 

www.doktori.mk, 01.09.2013

Последна вест

Најчитани статии - животен стил