Доктори.мк | Природата во борба против мозочниот удар | Prirodata-vo-borba-protiv-mozocniot-udar | Портал за медицина и здравје

Природата во борба против мозочниот удар

доктор на медицина

Со стареењето на организмот веројатноста од добивање на мозочен удар расте. Правилната исхрана дава добри шанси за намалување на ризикот од мозочен удар. Од сите случаи на мозочен удар, oколу 80 % се должат на формирањето на коагулум во крвните садови на главата и мозокот, а останатите 20 % се последица на мозочни крварења. 

Артиклите за исхрана кои човекот ги консумира можат да се поделат во 2 групи:

  • артикли кои ја спречуваат појавата на мозочен удар (овошје и зеленчук, риба и морски плодови, чај);

  • артикли кои придонесуваат до појава на мозочен удар (сол, големи количини на алкохол, заситени масни киселини од животинско потекло).

Здравата исхрана како превентива од мозочниот удар

Пред повеќе од 2 децении нутриционистите утврдиле дека здравата храна (овошје и зеленчук, риба и морски плодови) делуваат превентивно и го спречуваат мозочниот удар, односно ги намалуваат последиците од истиот. На Универзитетот во Кембриџ, работена е студија во која испитаниците кои јаделе многу свежо овошје и зеленчук, многу помалку умирале од мозочен удар. На испитаниците во исхраната додавани се 2 до 3 порции овошје и зеленчук и е докажано дека појавата на мозочен удар е за 22 % помала во однос на контролната група. Основната заслуга на ваквата состојба се придава на присуството на флавоноидите - антиоксиданси, кои се наоѓаат во овошјето и зеленчукот. 

Морковот како превентива за појава на мозочниот удар  

Повеќе студии работени од страна на нутриционисти, ја потврдуваат тезата дека земањето на морков 5 и повеќе пати неделно или негово секојдневно користење во исхртаната, го смалува ризикот за појава на мозочен удар кај 60 до 70 % кај испитаниците, во однос на групата испитаници кои во месецот користеле 1 до 2 пати морков или воопшто не користеле. Слични дејства во оваа насока се придава и на спанаќот. Ваквата состојба резултира поради присуството на Бета -каротинот во морковот како силен антиоксиданс, односно Бета -каротенот го спречува таложењето на холестеролот на крвните садови и го намалува формирањето на тромбот.


Покрај тоа научниците утврдиле дека кај луѓето кои преживеале мозочен удар и имале високи концентрации на витаминот А шансите да го преживеат мозочниот удар биле поголеми во однос на другите.

Овошјето и зеленчукот богати со К (спанаќ, ќељ, тиква, компир, и темнопортокалов зеленчук), претставува моќно средство во превентивата на мозочниот удар

Една Калифорниска студија препорачува секојдневно земање на овошје богато со Калиум со што ризикот од мозочен удар се смалува за 40 %. Со студијата се дошло до неверојатен заклучок дека кај испитаниците кои дневно во организмот внесувале до 3 500 мг Калиум не е забележан ниту 1 мозочен удар, во однос на оние кои во исхраната внесувале помалку К. Критична количина на К без која организмот не смее да остане е 400 мг дневно, а тоа значи дека овие милиграми на К, можата да се внесат во организмот со парче овошје или зеленчук, чаша млеко или млечни производи, или парче риба.

Риба и производи од риба

Препораката од страна на нутриционистите неделно да се јаде најмалку 2 до 3 пати неделно, може да допринесе до намалување на мозочниот удар и подобрување на циркулацијата во мозокот. Омега -3 масните киселини кои се наоѓаат во мрсната риба делуваат како благи антикоагуланти, поволно делуваат и спречуваат појава на коагулумот, т.е. ако дојде до мозочен удар оштетувањата од истиот се многу помали. Потврда на оваа теза е скорешното испитување на нутриционистите од Холандија, вршено на мажи со старост од 60 до 70 години возраст. Добиените резултати говорат дека испитаниците кои консумирале 2 до 3 пати неделно риба во текот на испитувањето многу помалку заболеле или добиле мозочен удар во однос на оние што не консумирале риба, а процентите зборуваат за однос од 30 до 40 % помалку. 

Чудотворниот чај

Пиењето на црниот чај (идиски) како и зелениот (грузиски) поволно делуваат врз циркулацијата на крвните садови на мозокот и се добра превентива во спречувањето на мозочниот удар.



Студија работена на Медицинскиот факултет во Тохоку - Јапонија врз 6 000 испитаници (жени над 40 годишна возраст) кои во текот на денот пиеле 4 до 5 шољи зелен чај имале помал ризик за добивање на мозочен удар во однос на оние кои не го пиеле (50% помалку заболени). Ваквото дејство на чајот се должи на присуството на флавоноидите и витаминот Ц и Е, кои претставуваат јаки антиоксиданси, односно флавоноидите кои имаат антикоагулантно дејство.

Храна која ја иницира појавата на мозочен удар

Чувајте се од солта

Солта може да биде штетна по мозочното ткиво и може по некогаш да предизвика помали мозочни удари и тогаш кога солта не го зголемува крвниот притисок. Ова е мислење на Д-р Тобијан, кој вршел експериментално испитување за влијанието на солта кај глувците бидејќи дошол до заклучок дека солената храна која ја давал на глувците била причина за поголем број на мозочни удари во однос на останатите. Д-р Тобијан препорачува помалку внесување на сол во храната луѓе постари од 60 и повеќе години.

Железото како причина за појава на мозочен удар

Испитувањата на Клиниката во Инсбрук во Австрија, докажале дека зголеменото внесување на железо во храната и зголемената концентрација на железото во крвта можат да бидат причина за оштетувањето на крвните садови и појавата на тромбоза. Во фазата на испитувањето, во рок од 4 до 6 месеци, 100 % од животните кои консумирале храна во која имало зголемена концентрација на железо умирале. Познато е дека кај жените после менопаузата и постарите мажи потребата од внесување на железо е 10 мг дневно, а потреба од поголеми количини на железо имаат жените кои имаат редовен менструален циклус и во случај на анемија.

Алкохол: добри и лоши вести

Внесувањето на помали количини алкохол можат да делуваат на превенцијата од мозочен удар а поголеми количини може да го предизвикаат. Според наодите на Универзитетот во Њујорк и направеното испитување на 670 луѓе со мултинационална припадност и старост над 40 години, добиените резултати зборуваат дека испитаниците кои земале 2 до 3 чашки на ден биле за 45 % до 50% помалку изложени на ризик од мозочен удар во однос на оние што не користеле алкохол.

Резултатите покажуваат дека кај испитаниците кои земале 6 до 7 чашки алкохол на ден па и повеќе ризикот од појава на мозочен удар се зголемил за 3 пати и повеќе. Умерено консумирање на вино т.е. 1 до 2 чашки дневно го смалува ризикот од мозочен удар за 34 % помалку. Поволното дејство на виното се должи врз основа на присуството на антиоксидансите кои се наоѓаат во црното вино и неговото антиинфламаторно дејство. Данците две третини од пијалокот го консумираат како црно вино. Една до две чашки алкохол може да биде корисно, но не да се створи навика дека алкохолот треба да се пие како превентива за спречување на мозочниот удар.

 Исхраната како рецепт против мозочниот удар

Познатите нутриционисти од западниот свет во врска со мозочниот удар го препорачуваат следниот рецепт:

  • јадете што повеќе овошје и зеленчук, најмалку 4 до 5 порции дневно,(морков, сок од портокал, грејпфруит, зеленчук со зелени листови)

  •  јадете мрсна риба најмалку 2 до 3 пати неделно

  •  избегнувајте солена храна (натриум)

  •  не претерувајте со алкохол - дозволено 1 до 2 пијалоци дневно (црно вино)

  • пијте зелен чај или флаширани инстанти од ладни чаеви (антиоксиданси), по препорака на
     Министерството за земјоделие во САД

  •  во исхраната користете помали количини на маснотии, и умерена физичка активност

 

Дознајте повеќе за д-р Дарко Стојановски

авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување

www.doktori.mk, 31.08.2013

Последна вест

Најчитани статии - медицина