Едноставни и корисни рецепти од кантарион кои секојдневно ќе ви бидат од помош

За кантарионот веќе имаме пишувано. Тоа е растение кое го има во изобилство на нашите простори, а е исклучително корисен и здрав бидејќи од него, освен чај, можат да се приготват и многу други лековити смеси кои секојдневно ќе ви бидат од помош. Денес ви претставуваме неколку едноставни и лесни рецепти на база на кантарион, кои едноставно треба да ги пробате...

Масло од кантарион за рани и изгореници

Четири големи лажици цветови од кантерион ставете ги во тегла, и оставете два дена за цветовите да свенат. Потоа прелијте ги со едно литро маслиново масло и оставете да отстои 6 недели. Со ова масло можете да третирате рани, изгореници, па дури и хемороиди.

Кантарион и вино за подобро варење

Четириесет грама кантерион прелијте со еден литар бело вино. Оставете да отстои 30 дена на топло. По отстојувањето процедете и пијте по две мали чаши три пати дневно пред јадење.

Кантарион и ајдучка трева против депресија

Помешајте еднаква количина кантерион и ајдучка трева, прелијте со 200мл врела вода и оставете да отстои 10 минути. Овој чај пијте го три пати дневно.

 

 

www.doktori.mk, 05.09.2013

Последна вест

Најчитани статии - исхрана