Испирање на вагината - да или не?

Дали некогаш сте ја испирале вашата вагина поради некоја причина? Дали можеби тоа редовно го правите? И се прашувате ли дали тоа е здраво? Еве што накратко ние имаме да ви кажеме...

Жените често вршат испирање на вагината. За таа цел користат разни раствори, како што се: многу типови чаеви (најчесто камилица и жалфија), потоа разни козметички препарати кои ги набавуваат од козметичките продавници. Тоа го прават на разни начини: со шприц, туш, иригатор или слични помагала кои можат да ја завршат таа работа. Причините зошто жените прават испирање се следните:

  • Сметаат дека ќе превенираат забременување;

  • Сметаат дека ќе се заштитат од сексуално преносливи болести (СПБ);

  • Сметаат дека вагината нема да има непријатен мирис;

  • Сметаат дека одржуваат хигиена на високо ниво.

Но, која е вистината?

Вистината е дека ништо од ова не е точно. Никогаш со испирање на вагината не можете да превенирате бременост и, спротивно на сите убедувања што ги имате, испирањето не штити од забременување. Освен ова, испирањето во никој случај не штити од СПБ, туку уште полошо - испирањето може да предизвика заболување на вагината. Зошто? Испирањето прави дисбаланс на нормалната бактериска флора во вагината па дозволува да почнат непречено да се развиваат некои бактерии кои се патогени. Но, уште полошо, со самата метода на испирање, се повредува слузокожата на вагината што прави директна подлога за напад на патогени микроорганизми. Кај овие жени многу често се развива состојба позната како бактериска вагиноза.

Затоа ...

Немојте да ја испирате вагината, повеќе е штетно отколку корисно, нема да ви помогне при ниту една од горе наведените состојби и може само да ве разболи.

>>>>>>>>   прочитајте повеќе за ЖЕНСКОТО ЗДРАВЈЕ

www.doktori.mk, 05.06.2014

Последна вест

Најчитани статии - медицина