Природни рецепти на база на жалфија - за подобро варење и здрав уринарен тракт

Жалфијата е една од најстарите медицински билки. Позната е уште од античките времиња, а и ден денеска луѓето веруваат во нејзината моќ за лекување на многу состојби во организмот. Жалфијата се користи во многу сирупи и таблети, нејзините лековити својства се докажани и во бројни истражувања, така што чајот од жалфија е најдобриот начин да се извлече од жалфијата она што е најдобро и најлековито.

Денес ние нема да ви расправаме конкретно за чајот од жалфија, но ќе ви дадеме два конкретни рецепти за чаеви на база на жалфија и други природни билки кои се многу полезни за подобрување на варењето и здравјето на уринарниот систем.

За подобро варење

  • 50 грама жалфија

  • 50 грама листови од бел слез

  • 10 грама камилица

  • 10 грама маточина

Измешајте ги сите состојки во 500мл. вода. Освавете да постои три часа. По поминатото време ставете на шпоред и почекајте да почне да врие. Оставете да врие 5 минути во поклопен сад. Потоа тргнете го садот од оган, и консумирајте по 2 до 3 чаши за кафе дневно млак чај, половина час пред јадење.

Против воспаленија на уринарниот тракт

  • 50 грама жалфија

  • 50 грама листови од бреза

  • 50 мечкино грозје

  • 50 грама цвет од бел слез

Чајот пригответе го на сосема вообичаен начин. Секој ден консумирајте го овој чај, голтка по голтка во текот на денот со правење на паузи. Според луѓето кои го консумирале овој чај навистина има позитивен ефект.

www.doktori.mk, 31.08.2013

Последна вест

Најчитани статии - исхрана