Доктори.мк | Ловоров лист - митолошко растение со огромна моќ | Lovorov-list-mitolosko-rastenieso-ogromna-mok | Портал за медицина и здравје

Ловоров лист - митолошко растение со огромна моќ

Ловоровиот лист е добро познат на секоја домаќинка. Тој потекнува од Мала Азија, при што се проширил низ Медитеранот. Интересни се сите легенди поврзани со ова митолошко растение. Видовитите пророци од Стара Грција џвакале ловоров лист и дишеле од неговиот пламен бидејќи верувале дека со тоа ќе ја зголемат својата моќ за гледање. Војниците го носеле ова растение со себе, бидејќи сметале дека така боговите ќе им бидат наклонети. Во продолжение краток преглед за влијанието на ловоровиот лист врз здравјето ...

Ловоровиот лист е полн со витамини и минерали. Најмногу има витамин А и витамин Ц, а од минералите најмногу има железо, манган, калциум, калиум и магнезиум. Мирисот на ловоровиот лист има инсектицидни особини, тој ги одалечува бубачките и затоа се користи и како средство против молци. Порано се верувало дека тој предизвикува абортус, но тоа воопшто не е медицински докажано и се смета за неточно. Одличен е во намалување на шеќерот во крвта, но најдобар е во уништувањето на инфективните жаришта. Затоа ловоровиот лист се смета за растение кое го штити организмот од инфекции.

Ловоровиот лист е одличен против мигрена, тоа е едно од ретките растенија кои имаат силно анелгетско дејство. Маслото пак од ловоров лист е вистински лек против модринки и други лузни на кожата. Ловоровиот лист исто така има и проверено добро дејство врз варењето, помага за правилна дигестија на храната во целиот дигестивен тракт. Многу шампони и мелеми се на база на ловоров лист бидејќи истиот има силно дејство против првут.

Ловоровиот лист како што успеавте да прочитате е растение кое има навистина голема моќ. Ова се само многу мал дел од поволностите кои може да ви ги понуди ова митолошко растение, затоа не двоумете се да го употребувате во вашите јадења.

www.doktori.mk, 21.05.2014

Последна вест

Најчитани статии - исхрана