Доктори.мк | Болести кои се многу почести кај жените отколку кај мажите | Bolesti-koi-se-nogu-pocesti-kaj-zenite-otkolku-kaj-mazite | Портал за медицина и здравје

Болести кои се многу почести кај жените отколку кај мажите

Повеќето болести преферираат да бираат старосна граница, да се појавуваат во детството или во поодминати години, други пак преферираат да се појавуваат кај лица со бела или црна боја на кожата, но, ние денес ќе обрнеме внимание на болестите кои бираат пол, односно болестите кои ги зафаќаат повеќе жените отколку мажите. 

Депресија

Според научниците депресијата ги зафаќа жените двојно почесто од мажите. Скоро секоја петта жена во животот ќе се соочи со депресија - велат експертите. Причината за тоа тие ја гледаат во биолошките разлики, односно хормоналните влијанија. Жените поминуваат многу хормонални влијанија во текот на животот, почнувајќи од менструалниот циклус, бременоста, па менопаузата и се тоа влијае на расположението, зголемувајќи ги шансите за депресија ...

Мултипла склероза

Милтипла склероза е болест која е многу раширена во светот. Според научниците мултипла склероза ги напаѓа за два до три пати почесто жените отколку мажите. Зошто е тоа така научниците сеуште не можат да одговорат, земајќи во предвид дека и самата болест сеуште не е доволно проучена. 

Лупус

Лупус е хронична автоимуна болест кај која организмот се напаѓа самиот себе, правејќи оштетувања на повеќе органи. Жените се навистина многу по склони кон лупус од мажите, според статистиката 90% од заболените од оваа болест се жени. Зошто е тоа така експертите сеуште немаат одговор.

Синдром на хроничен замор

Кај синдромот на хроничен замор, лицата чувствуваат голем замор без да завршат многу тешка физичка работа, иако се одмораат тоа не дава резултат. Според научниците жените се за четири пати повеќе засегнати, но зошто е тоа така сеуште нема објаснување.


 

www.doktori.mk, 26.08.2015

Последна вест

Најчитани статии - медицина