Скротете го херпесот со чај од хибискус

Чајот од хибискус за многумина е чај кој има најдобар вкус. Ретко кој не го сака, се служи во рестораните, кафе-баровите, а не ретко го имаме и дома. Сте се запрашале ли некогаш дали тој има некаков корисен ефект врз организмот? 

Чајот од хибискус е вистинска потхранителна инекција за вашиот имунитет. Содржи многу витамини и корисни состојки, кои можат да ја зголемат моќта на вашиот имунитет. Вирусот на лабиален херпес е предизвикан од вирусот херпес симплекс тип 1. Според научниците до 80% од луѓето се инфицирани од овој тип на вирус, но само кај 20 % се појавува, бидејќи другите имаат моќен имунитет кој не дозволува истиот да се манифестира.

Хибискусот е моќен чај против херпесот. Доколку херпесот се манифестира на вашите усни, се што треба да направите е да купите чај од хибискус, кој ќе го подготвите на вообичаен начин, а потоа ќе го консумирате три пати на ден, наутро, попладне и пред спиење. Докажано е дека овој чај влијае на имунитетот и пликовите на вашите усни побрзо ќе исчезнат. Доколку сакате уште побрзо да се ослободите од овие непријатни пликови, во билна аптека побарајте маст од хибискус. Овој маст брзо ќе ги исуши и ќе ве ослободи од несаканите пликови на устата.

www.doktori.mk, 29.08.2013

Последна вест

Најчитани статии - исхрана