Доктори.мк | Природна инфузија за вашето тело - рецепт за сок кој ќе ве одржува здрави и витални | Prirodna-infuzija-za-vaseto-telo---recept-za-sok-koj-ke-ve-odrzuva-zdravi-i-vitalni | Портал за медицина и здравје

Природна инфузија за вашето тело - рецепт за сок кој ќе ве одржува здрави и витални

Дали сте љубител на домашните сокови? Постојано ги консумирате и понекогаш се прашувате дали се тие доволно здрави? Пригответе сок кој ќе биде вистинска инфузија за вашето тело. Вкусен, здрав и ја одржува вашата општа состојба на завидно ниво, а воедно можете да го консумирате во неограничени количини.

Што е потребно?

  • 1 килограм цвекло
  • 1 килограм морков
  • 1 килограм јаболко
  • 500 грама мед

Подготовка

Изрендајте ги сите состојки заедно и додадете го медот. Смесата оставете ја да отстои 24 часа. Потоа истиснете го сокот и процедете го преку медицинска газа или може и преку цедалка, но докажано е дека преку газа е подобро. Од сокот може да пиете најмалку по една чаша наутро, а најмногу колку што сакате. :)

 

www.doktori.mk, 24.08.2013

Последна вест

Најчитани статии - исхрана