Едноставен рецепт за чај кој ќе ве ослободи од болките во желудникот

Дали болките во желудникот се ваш чест проблем? Денес ви нудиме многу едноставен, и ефикасен рецепт за чај, кој ќе ви помогне да се ослободите од болките во желудникот.

Чајот кој денес ќе ви го презентираме е совет не само од познавачите на алтернативната медицина туку и од гастроентеролозите. Според луѓето кои го консумирале тој навистина делува. Пред се важно е што многу е едноставен и нема да имате проблем да ги набавите состојките. Еве што е потребно:

  • 1 кесичка чај од камилица
  • 1 кесичка чај од нане
  • еден прстофат ким

Чајот се приготвува на вообичаен начин. Ставете вода да зоврие колку за една чаша. Потоа во водата додадете ги двете кесички и ставете малку ким. Оставете да постои 15-20 минути и пијте. Се надеваме дека овој едноставен рецепт и вам ќе ви биде од корист.

www.doktori.mk, 23.08.2013

Последна вест

Најчитани статии - исхрана