Доктори.мк | Совети и рецепти за природно чистење на бубрезите | Soveti-i-recepti-za-prirodno-cistenje-na-bubrezite | Портал за медицина и здравје

Совети и рецепти за природно чистење на бубрезите

Бубрезите се парни органи кои имаат макотрпна работа во организмот. Секој ден низ бубрезите поминува околу 200 литри крв, за да се прочисти од вишокот течности и токсини. Бубрезите вршат уште многу други сложени функции кои му помагаат на организмот. Затоа и ние понекогаш треба да помислиме на нив и да пробаме да консумираме храна која ќе им помогне во нивната работа. Еве некои совети и рецепти како да го сторите тоа ...

Адекватната исхрана и користењето на витамини и чаеви кои ги прочистуваат бубрезите им овозможува на бубрезите да работат подобро, освен тоа го намалува ризикот за создавање на камен, а помага и во исфрлање на токсините од организмот кои тешко се елиминираат.

Билки за чистење на бубрезите

Многу билки и зачини можат да помогнат во подобрувањето на работата на бубрезите, најдобри од нив се следините:

  • Ѓумбир

  • Корен од бел слез

  • Смрека

  • Магданос

  • Коприва

Намирници за чистење на бубрезите

Некои намирници имаат моќ на природен начин да влијаат на чистењето на бубрезите. Еве дел од тие намирници:

  • Лубеница

  • Лимон

  • Портокал

  • Брусница

Витамини и минерали кои учествуваат во чистењето на бубрезите

Витамините и минералите играат голема улога во чистењето на бубрезите, но најважни се:

  • Витамин Б2

  • Витамин Б6

  • Магнезиум

Како да го намалите ризикот од бубрежни болести?

Ако сакате вашите бубрези да останат здрави мора да применувате поголем дел од следниве совети:

  • Избегнувајте пушење и активно и пасивно

  • Избегнувајте алкохол

  • Избегнувајте енергетски

  • Контролирајте го притисокот

  • Контролирајте го холестеролот

  • Контролирајте ја телесната тежина

Природни рецепти за чистење на бубрезите

Чај од семки од лубеница

Овој чај особено е делотворен кај луѓето кои имаат проблеми со камен во бубрезите. Земете лажичка семки, исецкајте ги и прелијте ги со топла вода. Чајот пијте го до три пати дневно.

Чај од семки од целер

Истиот начин на подготовка како и кај семките од лубеница. Консумирајте го оладен и повеќе пати на ден. Семките од целер се делотворни за чистење на бубрезите.

 

 

 

www.doktori.mk, 22.08.2013

Последна вест

Најчитани статии - медицина