Пет факти поврзани со утринскиот секс кои треба да ги знаете

Утринскиот секс е навистина многу подобар начин да се разбудите и да го започнете денот од пиењето на утринско кафе на празен желудник. За делотворноста на утринскиот секс многу се истражувало, а научниците дошле до факти кои се докажани и одат во прилог на сите љубители на истиот. Ние денес ви презентираме пет факти кои треба да ги знаете.

Утринскиот секс ослободува окситоцин

Окситоцинот е хормон кој ви помага да се чувствувате задоволно и расположено. Затоа ако сакате денот да го започнете со насмевка на лицето воопшто не двоумете се дали да практикувате утрински секс, научниците докажаа утринскиот секс ќе ве направи ведри, весели и убави.

Утринскиот секс го јакне имунитетот

Да, утринскиот секс е одличен за имунитетот. Луѓето кои редовно го практикуваат имаат здрав и силен имунитет. Во многу истражувања научно е потврдено дека сексот влија врз лачењето на имуноглобулин А, кој е многу потребен на организмот, го јакне имунитетот, а штити од инфекции и други видови на заболувања.

Утринскиот секс ви помага да изгледате убаво

Утринскиот секс го лачи хормонот естроген кој заедно со другите хормони ја прават вашата коса блескава и сјајна, а вашата кожа млада и нежна.

Утрински секс за подобра психичка активност

Истражувањата покажале дека луѓето кои редовно имаат секс пред да го започнат денот имаат помалку проблеми со концентрацијата и помнењето. Затоа научниците заклучуваат дека утринскиот секс е добар за сите оние кои целиот ден имаат напорна психичка работа.

И вашето срце го сака утринскиот секс

Утринскиот секс ја подобрува циркулацијата, го штити срцето и го намалува ризикот од инфаркт и други заболувања на кардио-васкуларниот систем. 

Затоа практикувајте го утринскиот секс секогаш кога можете, тој ќе ви даде сила, енергија, расположение и здравје, ќе ви го направи денот поубав, а вие ќе зрачите со вашиот изглед и самодоверба.

www.doktori.mk, 19.08.2013

Последна вест

Најчитани статии - животен стил