Доктори.мк | Рецепт за сок кој ќе го прочисти вашиот црн дроб | Recept-za-sok-koj-ke-go-procisti-vasiot-crn-drob | Портал за медицина и здравје

Рецепт за сок кој ќе го прочисти вашиот црн дроб

Црниот дроб е вистинска лабораторија на човековото тело. Тој работи многу и се труди да ги неутрализира сите штетни агенси кои ќе дојдат во телото. Но затоа тој многу лесно може да се оштети и да започне да работи неправилно. Ви презентираме рецепт за сок кој го чисти и чува вашиот црн дроб.

Потребни состојки:

  • 500 мл. вода, која е превриена и оладена

  • 6 свежи лимони

  • корен од ѓумбир

  • 4 главици лук

  • 4 листови нане

  • 3 лажици ленено масло

  • 3 грејпфрута

  • малку ким во прав

Приготовка

Исцедете сок од лимоните и грејпфрутот. Потоа исецкајте ги ѓумбирот и лукот и ставете ги во блендер со малку вода, потоа процедете за да не останат парчиња. Сокот од лимон и грејпфрут ставете го во блендер притоа додавајќи го нането, кимот и лененото масло. На крајот додадете го сокот од лукот и ѓумбирот, уште малку промешајте и сокот е готов.

 

 

 

www.doktori.mk, 18.08.2013

Последна вест

Најчитани статии - исхрана