Доктори.мк | Носам момче или девојче? | nosam-momce-ili-devojce? | Портал за медицина и здравје

Носам момче или девојче?

извор: www.ringeraja.mk

 

Постојат многу начини со кои можете да утврдите дали носите момче или девојче. Некои се бабини деветини, некои се делумно логични, некои научно докажани, а некои малку луди. Годините на истражување покажале дека ултразвукот е еден од најточните начини да откриете од кој пол е Вашето дете.

Многу жени одат на ултразвук од 18 до 22 недела како дел од регуларните прегледи за време на бременоста. И додека Вие нема да разберете ништо гледајќи во мониторот на ултразвукот, вештиот доктор точно знае што треба да бара и точно знае дали плодот е момче или девојче. Но, секој наод на ултразвукот не е дефинитивен. Постојат шест работи кои треба да ги знаете за резултатите на ултразвукот.

1. Лекарот би требало да може да го распознае полот на детето на старост од 20 недели, понекогаш и на 16 недели, а во исклучителни случаи и со најсовремена технологија и на 11 и 12 недели.

2. Ако детето е малку чудно наместено, заради амнионската течност (плодова вода), или подебелиот амнионски ѕид, точното распознавање на полот може да биде отежнато.

3. Недостатокот на машки полов орган не е доволно за да се докаже дека фетусот е девојче. Искусниот доктор треба да ги побара и да ги прегледа гениталиите на бебето за да биде сигурен.

4. Гениталиите на девојчето се гледаат. Искусниот доктор може да ги види малите браздички. Трите линии на фетусот се многу сигурен показател на женски пол.

5. Ултразвукот е многу сигурен. На 20 недела и подоцна сигурноста е помеѓу 95 и 100%.

6. Вагиналниот ултразвук не е нужно поточен од абдоминалниот. Заради тоа што е трансдукторот поблиску до целното подрачје, скенот може да даде подобри детали, но аголот на гледањето е по ограничен отколку на абдоминалниот преглед, па во зависност од тоа што гледа лекарот можеби ваквиот преглед нема да даде информации за полот на детето.

Некои родители сакаат полот на детето да остане изненадување до самото раѓање, но другите пак повеќе сакаат да знаат за полесно да испланира доаѓањето на малото бебе, било да се работи за облеката или за бојата на собата. Кога одите на ултразвук имајте трпение за лекарот кој го извршува прегледот и...уживајте во бременоста!

 

 

 

www.doktori.mk, 17.08.2014

Последна вест

Најчитани статии - медицина