Посветено на татковците

извор: www.ringeraja.mk

 

  • Кога ја гледа сопругата како се радува на бременоста и како мечтае за бебето, тој не може да поверува дека направил таков грандиозен скандал кој потекнува од обвинението „Ти ми го направи тоа!“
  • Се чуди зошто неговата сопруга вика на сиот глас, откако пред триесет минути и подарил огромен букет со цвеќе. При нежниот обид да ја праша зошто, кон него лета вазната со цвеќиња. Оххх, отидоа 500 денари со ветрот.
  • И покрај сите обиди да ја поддржува, да чита книги за бремени, да ѕирка со интерес во екранот на гинекологот, при првиот обид да се опушти и одгледа еден фудбалски натпревар, обвинет е дека е неромантична свиња.
  • Во него се продлабочува чувството дека секоја втора жена околу семејството е бремена. Не само тоа, тој редовно е запознаван од неговата сопруга за нивната состојба – килограми, утринско гадење, проблеми со сопружниците, полот на бебето и се такви нешта на кои не сака ни да се сеќава.
  • Побеснува од фактот што не може да запомни ниту еден термин на гинеколошкиот преглед, како докторот да зборува на јапонски! За сметка на тоа, таа станала попаметна бидејќи лесно ги памти сите медицински термини. Дури и се фали со тоа!
  • Се чувствува малку чудно кога таа зборува за бебето, му се чини како веќе да станале трочлено семејство. На моменти сака да се сами, бидејќи чувствува нешто друго кога ја гледа како се врцка пред него покажувајќи му го стомакот.
  • Ја сака и дури кога се шета по пижами цел ден, кога мрмори и се жали дека има запек, а на нејзините влечки има траги од утринското повраќање. Проблемот е што таа постојано наврзува дека тој неа не ја сака. Ако се обиде да и каже дека не е точно – таа започнува со обвиненија и вика на цел глас?! Затоа молчи, па макар и пукнал, за да не биде сфатен погрешно...
  • „Дебел ми е задникот?“ е прашање на кое нема да одговори, па макар и да му се закануваат со пиштол в чело. Ја разведрува ситуацијата, објаснувајќи и дека никогаш не била по-секси.
  • Веќе се научи да не обрнува внимание на нејзиното барање за развод. Сепак, тајно се надева на секс, кога го прегрнува по драмата со разводот.
  • Се обидува да не заспие додека таа му зборува по цела ноќ. Само на 3-4 часа по полноќ си дозволува да и признае дека повеќе неможе да издржи и веднаш за`рчува. Во спротивно ќе слушне безброј критики дека на игрите на интернет не му е досадно и издржува до утро. Ако признае дека му се приспива од разговори за доење, тоа е рамно на самоубиство.
  • Толку одамна немале секс, веќе цели два месеци откако забременила што веќе се прашува дали заборавил? Останува силно разочаран кога на половина од чинот треба да прекине, бидејќи бремената сопруга се уплашила да не му наштетат на бебето. Па како, тој не гледа дури ниту стомак!?

  • Читањето на еротски списанија го прави да се чувствува малку глупаво, затоа што лекарот забрани да имаат секс. Ги остава настрана и се откажува.
  • Во топлите пролетни денови е препален кога ќе си дојде дома и сопругата не му зборува - без повод. Сигурно видела како ги мерка минувачките и како се загледува по кратки сукњички и тесни панталончиња, иако тој првпат слуша за тоа.
  • Не разбира зошто му го затвора телефонот кога ќе предложи име за бебето. Одговорот е „Така ти се викаше првата љубов?“
  • Таа сепак очекува прекрасен подарок за раѓањето на детето, а не сфаќа дека најубавиот подарок веќе и го подарил – нејзиното дете.

П.С. Сите сличности со автентични лица и настани се случајни :)

Ако сте вие љубениот на некоја бремена жена и ако не се пронајдовте во сите ситуации – вие сте среќен човек! :)

 

 

 

www.doktori.mk, 16.08.2013

Последна вест

Најчитани статии - занимливости