Видови бакнувања и нивните реални значења

Бакнежот е излив на позитивни емоции. Со бакнувањето искажувате љубов кон саканата, вашето дете, вашиот роднина, вашиот другар... Бакнежот е храна за душата и маѓија за телото, нешто што не може да се замени. Денес ви претставуваме краток „прирачник" за бакнувања, видови бакнувања и нивните реални значења...

Француски бакнеж

Ова е најпопуларниот и најемотивниот бакнеж, кој луѓето го применуваат за искажување на љубов кон својот партнер. Овој тип на бакнеж потекнува од 20-век од Франција, во овој период французите имале репутација на големи љубовници и страствени заводници. Од тој период па наваму францускиот бакнеж останал незаменлив, бидејќи покрај задоволството со усните, во игра влегува и јазикот, кој совршено се вклопува во бакнежот кој трае ...

Бакнеж во врат

Ако ве бакне во вратот, тоа значи едно и единствено, желба за секс. Вратот е незаменливо место за бакнување, односно одлично место за започнување на предиграта. Истражувањата покажале дека скоро секој човек без разлика на полот, едноставно се "пали" на бакнежот во врат и никогаш не може да остане рамнодушен.

Бакнеж во образ

Да, како што си помисливте, бакнежот во образ е симбол на пријателство и на "невина" љубов. Но, бакнежот во образ има голема доза на страст, затоа внимавајте, доколку тој или таа многу често ве бакнува во образ тоа воопшто не мора да значи дека ве сака само како пријател/ка. Кога бакнувате некого во образ, внимавајте рацете секогаш ставајте ги на неговите/нејзините раменици. Ова е комплетниот бакнеж во образ.

Бакнеж во чело

Ова е единствениот тип на бакнеж кој ни во најмал процент не наведува на секс. Најчесто вака ги бакнуваме роднините или нашите деца. Но и нашите партнери кога сакаме да им покажеме дека ги подржуваме и безусловно ги сакаме. Секој кој е бакнат во чело се чувствува сакано и заштитено.

Бакнеж во рака

Бакнувањето во рака е застарен и се помалку применуван бакнеж. Порано тој бил резервиран само за мажите кога искажувале почит кон дамите, денес таа навика скоро и да не постои, се задржала само кај некои народи каде што бакнувањето на раката искажува почит кон постарите.

Бакнувањето е една од ретките навики на луѓето кои не се злонамерни и искажуваат позитивни емоции. Затоа бакнувајте се, секогаш и секаде, на сите начини, тоа е нешто по кое што луѓето се разликуваат од животните, нешто што побудува бурни емоции, не прави среќни и весели, прави да се чувствуваме важни и сакани.

 

www.doktori.mk, 19.08.2013

Последна вест

Најчитани статии - животен стил