Доктори.мк | Страста не се учи | Strasta-ne-se-uci | Портал за медицина и здравје

Страста не се учи

специјалист уролог, Специјална болница "Св. Еразмо" - Охрид
професор по "Хирургија со нега" и "Полово образование" на Универзитетот "Св. Климент Охридски" - Битола

Додека едните заедно ги држи хемијата или ги тера да го урнат претходниот живот, другите никако да ја запалат искрата.

Ако некој ве праша дали сте доживеале вистинска страст, јасно е дека нему му се случила хемија. Сето почнало со една искра, па потоа сè гори. Денеска би било срамно да се признае дека никогаш не си полудел по некого дека не ти е позната страста поради која луѓето правата глупости. Доживувањето на вистинската страст – потполна и интензивна кон една особа – не е само потврда дека живееме со полн живот, туку е и знак дека одиме во чекор со времето. Ако филмовите и романите се опседнати со судбоносни средби и со неповторливи страсти, зошто ние би заостанувале?


Секој од нас, или скоро секој, има своја приказна за сопствената страст. Слушајќи ја таквата приказна секој автоматски повторно ќе доживува и ќе биде исполнет со спомени. Можноста да ја разбереме особата што доживеала хемија се темели на личното искуство. Да се препознае искрата во другиот можат само оние кои се сеќаваат на својата. Страста доаѓа во различни форми. Понекогаш ќе се јави во случаен разговор со особа која неколку години си ја посматрал оддалеку. Или на мала тераса, или во авион, или на некоја случајна „вечера“. Некогаш ќе се јави. Дури и да сте разделени повеќе од десет години, откако ќе ги почувствуваш рацете или устата на себе...начинот на кој неговото тело влегува во твоето. И се прашуваш дали е сето тоа можно?


Во почетокот страста е едноставна. Доволно заслепувачка, ништо друго не постои. Ако не ја препознаеш, таа тебе ќе те забележи. Ќе ти покаже како можеш да се изненадиш самиот себеси и да посакаш работи за кои не си ни размислувал. Како што би рекла некоја жена: „После таков секс, можам кадата да ја чистам. Просто сум среќна жена“. Хемијата или совршена спојка не се проблем по себе за страста. Се разбира, освен за оние кои не се подготвени да се пуштат и да се нурнат во непознатото. Некои не можат без контрола или се, пак, премногу недоверливи. Дали тие што не го прифаќаат ризикот на страста се подобри? Сакал-нејќел страста дава интензивно уживање и силни чуваства: радост и тага, поврзаност и самотија, близина и напуштеност.


Проблемот на страста не е во неа самата, туку во она што ја опкружува. Тоа е она што со времето хемијата може да ја направи тегобна. Неколку научни студии потврдиле дека добриот секс не е гаранција за добра врска, ама и укажува на фактот дека некои парови опстануваат исклучиво благодарение на страста. Понекогаш хемијата преживува и над сето тоа што не штима, што раздвојува и што оневозможува заеднички живот. Кога врската станува заложник на страста, фрустрациите ја преземаат власта над сето, освен над активностите во креветот.
Додека некои само страста ги држи еден до друг, помагајќи им за момент да ги заборават работите што ги прават неспоиви, други, пак, ги тера да го урнат целиот претходен живот (и притоа да повредат многу особи). Понекогаш страста раѓа вина што јаде сè што е добро во новиот живот.


На друга страна се оние на кои хемијата постојано им бега. Во добра врска се, добиваат и си даваат нежности, се разбираат, и се поддржуваат, но никако не им успева да ја најдат страста. Колку и да ја посакуваат или да се трудат, искрата ја нема никаде. Фрустрациите почнуваат и завршуваат во креветот. Хемијата има две физички својствас: (1) таа те наоѓа тебе, а не обратно и (2) ако не успееш да ја препознаеш, ќе помине покрај тебе.



Што да се прави кога страста е во расчекор со остатокот на врската? Што да се прави кога е сè тука, освен хемијата? Можноста за одговор на овие две прашања се наоѓа во одредувањето на местото и улогата на страста во сопствениот живот. Ако ја занемарите или ја игнорирате, ако го заборавите мирисот на телото за кое сте луди, се чини, осудени сте на пропаст. Да се остави поради сè друго звучи како самоубиствен план. Дали постои нешто помеѓу, нешто како среден пат?

Што се однесува за мене, јас сум уште во потрага, посебно кога се приближува неверството...

 

-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

повеќе за проф. д-р Миќуновиќ > > >

www.doktori.mk, 15.08.2013

Последна вест

Најчитани статии - животен стил