Доктори.мк | Мускатно оревче - ги има сите решенија за вашите дигестивни проблеми | muskatno-orevce-gi-ima-site-resenija-za-vasite-digestivni-problemi | Портал за медицина и здравје

Мускатно оревче - ги има сите решенија за вашите дигестивни проблеми

Мускатно оревче, овој интересен плод многу готвачи го користат како зачин, но многу луѓе воопшто и не слушнале за него. Прочитајте ја денешната статија и дознајте ја вистината за мускатното оревче и неговата неверојатна моќ врз дигестивниот систем...

Го олеснува варењето, ја неутрализира киселината, ги неутрализира гасовите, помага во лечењето на хроничен колитис, дијареја и гастроентеритис.

Мускатното оревче потекнува од Индија. Луѓето таму едноставно го обожуваат и години наназад го користат како лек за многу состојби, особено за дигестивните проблеми. И современата медицина го признава ефектот на мускатното оревче врз дигестивниот систем, па се повеќе се алудира на негово што поголемо применување во исхраната. Зачинот од мускатно оревче има антибактериски ефект, многу е ефикасно во борба против инфекциите на усната шуплина и хранопроводот, а експертите велат дека е еден навистина моќен лек против гингивитис.

Овој божествен зачин ги опушта мускулите го кординира системот за варење и дава чувство на леснотија, без подуеност, гасови и киселини на кои многумина од нас веќе сме навикнати. Освен ова, мускатното оревче според многумина е моќен афродизјак и влијае навистина силно врз сексуалната моќ кај мажите - велат многумина кои се посветиле на истражувањето на ефектот на мускатното оревче. Мускатното оревче има уште многу изненадувања за нашето тело, а едно од нив е и неговото влијание врз снижување на нивоата на лошиот холестерол во крвта.

Ако до сега не сте знаеле за овој зачин или само сте слушале за него на кулинарските емисии, тогаш, време е да се заинтересирате малку повеќе за него. Тој е моќен зачин, благодет за целото тело, но пред се е моќен скротувач на вашиот дигестивен систем.

www.doktori.mk, 17.08.2014

Последна вест

Најчитани статии - исхрана