Бразилска депилација - убава, но опасна поради ширење на вирус

Бразилската депилација е многу практикувана во денешно време. „Таа е модерна и убава, но истовремено и опасна“ - велат научниците. Како и секој тип на депилација и овој го зголемува ризикот од опасни инфекции.

За време на бразилската депилација се создаваат микро-повреди кои можат да бидат нападнати од вирусот Molluscum contagiosum, кој многу лесно се пренесува од кожа на кожа од инфицирано на здраво лице. Овој вирус може да се пренесува и преку предмети како што се крпи и прекривки, што значи дека истиот е многу контагинозен - велат научниците. Овој вирус се пренесува и преку сексуален пат, па во последните години е забележан драстичен пораст на лицата инфицирани од овој вирус.

Последното истражување покажало дека овој вирус е најчест кај жените на 30 годишна возраст, а причината за неговото често појавување најверојатно се должи на се почестиот тренд на практикување на бразилската депилација. Симптомите на овој вирус се :

  • мали меурчиња кои можат да се прошират до колковите, ретко до стомакот
  • брадавичести творби
  • поретко лузни 
  • секундарен фоликулит предизвикан од други видови бактерии

Научниците сепак велат дека не се против бразилската депилација бидејќи таа има и многу свои позитивни карактеристики. Поради нејзиното редовно практикување бројот на случаеви со пубични вошки е опаднат за 80%. Бразилската депилација е хигиенска навика, но мора да се биде многу внимателен, бидејќи вирусот воопшто не е наивен и може да предизвика забележителни козметички дефекти. Затоа внимавајте како и каде ја правите оваа депилација, секогаш одржувајте хигиенски услови и бидете внимателни, бидејќи не само Molluscum contagiosum, туку и многу други бактерии можат да ги искористат ситните повреди и да предизвикаат инфекции - велат научниците.

 

www.doktori.mk, 16.08.2013

Последна вест

Најчитани статии - медицина