Семе од чиа – чудо од храна

дипломиран стручен лаборант по медицинска лабораториска дијагностика, специјализиран за санитарна хемија

Salvia hispanica, попозната како Chia, е цветно растение кое и припаѓа на фамилијата Lamiaceae (нане).  Се верува дека потекнува од јужниот дел на Мексико и Централна Америка, каде што семето било важен дел од исхраната на Маите и Ацтеките.

Во денешно време, големата популарност на чиа семето се должи на неговата висока хранлива вредност. Чиа семето претставува балансирана мешавина на протеини, јаглехидрати, масти и растителни влакна. Содржи 5 пати повеќе калциум од млекото, 3 пати повеќе железо од спанаќот, 3 пати повеќе антиоксиданси од боровинките и 2 пати повеќе калиум од бананите. Покрај тоа, чиа семето е најбогат извор на есенцијални масни кислеини како омега -3 и омега – 6. Со додавање на само две лажици чиа семе во вашата дневна исхрана се обезбедуваат околу 7 грама од дневните препорачани дози на влакна, 4 грама протеини, 5 грама омега-3 масни кислелини, 18% од дневно препорачаните дози на калциум, 35% на фосфор, 24% на магнезиум, и 50% на манган.

Чиа семето како дел од здравата исхрана може да помогне во поттикнување на имунитетниот и репродуктивниот систем, во спречување на појавата на кардиваскуларни заболувања со намалување на нивото на холестеролот, триглицеридите и високиот крвниот притисок. Една студија направена во болницата Св.Михаил во Торонто покажала дека учесниците кои редовно јаделе чиа семе имаат значително намалување на притисокот. Чиа семето може да помогне кај пациенти со дијабетес, да го искористуваат инсулинот поефикасно. 

Конзумирањето на Chia пред јадење го намалува апетитот, дава чувство на ситост, го покачува нивото на  енергија, затоа семето е толку популарно за губење на  тежината. Инкорпорирање на чиа семе во вашата  исхрана (на редовна основа ), помага не само на вашето  физичко здравје, туку и на вашето ментално здравје. Истражувањата покажуваат дека им помага на пациенти  со биполарно растројство како и во намалување на  депресијата и другите негативни чувства.

 

Чиа семето  нема вкус, но ако го комбинирате со друга храна ќе добиете не само вкусна, туку и визуелна наслада. Може да се јаде сирово или попрскано врз смуди или  исцеден сок, житарици, ориз, јогурт или зеленчук. Претставува идеално дополнување на печива, вклучувајќи леб, колачи и бисквити.


Чиа Фреска

  • 1 чаша вода;

  • 1 свеж лимон (исцеден) или сок од лимон;

  • 1 лажичка чиа семе;

  • засладувач по желба;

Добро промешајте ја лимонадата со засладувачот, додадете го чиа семето, промешајте убаво. Потоа целата мешавина оставете да отстои 10 минути. Чиа семето ќе ја апсорбира водата и ќе стане како желе. Опуштете се и уживајте! ;)

 

Повеќе за авторот >>>

-авторски текст, не смее да се користи зa комерцијални цели и/или реемитување-


 

www.doktori.mk, 14.08.2013

Последна вест

Најчитани статии - исхрана