Препознајте ја дисграфијата кај вашето дете

дипломиран логопед

Дисграфија претставува неспособност на детето да ја совлада техниката на пишување. Тешкотиите, односно грешките, се присутни и покрај правилниот интелектуален развој на детето, уредниот слух и вид.

Веќе во предучилишна возраст може да се предвиди дали детето ќе има проблеми со пишувањето и читањето, преку испитување на гласовната анализа и синтеза. Ако детето не успее да го препознае слогот, и неуспее да спои одредени гласови во реченица, можно е дека тие ќе имаат тешкотии во читањето и пишувањето. За правилно читање и пишување потребно е правилно развиен говорен јазик, разбирање на прочитаното и поврзување со изговореното. Кај децата важно е стимулирање на говорниот развој ,развојот на визуелна перцепција, моторни вештини, памтење, внимание и графомоторна функција.

Постојат повеќе видови на дисграфија

1.Визуелна дисграфија: се јавува како резултат на стеснатиот опсег на визуелна перцепиција

Симтомите се :

  • неможност за разликување на слични букви

  • тешкотии во запамтување на буквите

  • пишување броеви на спротивната страна

  • пишување од десно на лево ( огледалско пишување)

  • цртање предмети и ликови со превртени фигури

2.Аудитивна дисграфија: се јавуваат заради неразвиен фонематски слух. Во пишувањето се појавува буква која ја заменува онаа што требало да биде напишана.

3.Јазични дисграфии: се јавуваат кај деца кои имаат развојна дисфазија, кај дечиња со артикулативни пореметување и кај деца со ментална ретардација.

4.Графомоторна дисграфија: станува збор за тешкотии во пишувањето заради неразвиени графомоторни движења на рацете кои го водедуваат во прашање самиот ракопис.

Пишувањето е сложен процес, кој ги интегрира сите мозочни функции. Првата функција која е вклучена во текот на пишувањето е добар фонемски слух како и фонемската перцепција. Завршна фаза вклучува пишување на читливи букви со добро диференцирана фина моторика на прстите и шаката. Кај некои деца со тешкотии во пишувањето се забележани знаци на хиперактивност и емоционална нестабилност. Пишувањето не е механички, но формата и големината на буквите се резултат од емоционалната и психолошката состојба на лицето кое пишува.  Детето треба да се научи правилно да држи молив , да не притиска додека црта, да прави форми од пластелин, со ножици да сече хартија,  да спојува линии, организирано во текот на играта - како најдобар начин да се научи.

 Добриот говор е прв услов за спречување на пореметувањата на  читање и пишување. Важно е да се развие соодветна  артикулација  (изговор на гласови) да се направи разлика по  нивната звучност и  местото на создавање, развој на слушната    перцепција и внимание .  Посебно е важно детето да ја разбира  својата телесна шема.  Просторната и временската орентација  се исто така важни:  разбирање на шемата на деновите од  неделата, месеците од  годината, на годишните времиња.  Потребно е и поттикнување на  развојот на моториката на  прстите : собирање на мали предмети од  маса со помош на  двата прста, изградба на разни фигури и слики од  стапчиња, да  се користи хартија и молив-да се поврзуваат точки, да  бои и  доцртува.


Задача на родителот е да ги зајакне вештините кај детето, постепено да ги усвојува и во опуштена атмосфера целосно да му се посветите на детето околку еден час дневно.Вие не треба да ја завршите задачата наместо него, не го споредувајте со другите деца, туку поддржете го и пофалето го. Треба да обезбедите корисни и интересни материјали за вежбање со вашиот креативен начин да ја претворите секоја вежба во забавна игра.

 

 

дознајте повеќе за авторот Анета Конеска

www.doktori.mk, 12.08.2013

Последна вест

Најчитани статии - медицина